1020 hPa
87 %
6 °C
Скопје - Пет, 24.01.2025 17:59
„Скопје 2014“ е еден од најкоментираните и најконтроверзни проекти во поновата македонска историја. Тој од проценетите 80, стигна до повеќе од 670 милиони евра, а луѓето со кои разговаравме потенцираат дека проектот се градеше уништувајќи зеленило и јавни простори користени од сите граѓани, истовремено моделирајќи закони и „барокизирајќи“ познати архитектонски дела.
Во видеото на Радио МОФ се вклучени изјави и мислења од активистот Никола Наумоски од „Плоштад Слобода“, претседателот на Асоцијација на архитекти на Македонија, Мартин Пановски, новинарот од Build.mk, Бојан Блажевски и професорот на Архитектонски факултет Мирослав Грчев.
Извор: Радио МОФ