Хихириху Македонија

28.03.2017 10:29
Хихириху Македонија

Хихириху беше култна емисија.

За луѓето што во годината на нејзината смрт ќе се обидат да се реализираат како тврдокорни трактористи, трактатисти, есеисти, бетменисти, груевисти и останати примитивисти.

Нема потреба од Хихириху на радио, ако имаме Хухириху во политиката, во државните и национални дела, по улиците, во главите!

Сите сме Хихириху!

Хихириху беше важно парче од македонскиот сет за лефтерно разбирање на себеси и на светот, фактор во формативните фазони на луѓето во оваа заедница. Низ тапа смеа, низ многу прости и провидни досетки, без хуморна страна во хуморот, простоќа прилагодена на простотата, без иронија, без сарказам, критика која низ смеата го правеше симпатичен предметот на критиката, власта да речеме, додворничка заебанција...

Македонските народни приказни, Женски оркестар, Хихириху и слични глупости, не беа само производ на овдешната усраност, туку култивираа усрани карактери, срањата кои денеска ни се излеваат по улиците, смрадот на кој се потпре политичката опција на вмрото што ќе го прегрне овдешното говно и ќе му рече: како добро мирисаш, човеку, јас те обожувам!

Аморфниот дух на Македонецот, таа овчја волна згодна за развлекување на сите можни страни освен на страната на пристојноста, рационалноста и модерноста, се репродуцира самиот себе затоа што женската компонента ја има во себе. Таа женска компонента може да биде МПЦ, да речеме. Ако Македонецот се секса со Црквата тој ќе се прероди како глупак, ако се секса со Организацијата, тој исто така ќе се роди како глупак и така натаму!

Што да се прави.

Триесет години светот ја покажува својата немоќ пред моќта на тоа семе, на тој геном кој му гарантира на Македонецот дека никогаш нема да биде ништо затоа што тој во тоа ништо ужива!

Само човекот форматиран во хихирихуовски културен амбиент може да парадира против албанската платформа на коњот на тој што му ја еба мајката. Утре да му речат дека млиновите се митралески гнезда на непријателот тој ќе парадира против млиновите, како што ќе си го скрши курот, ако на тарабата му напишете „пичка“!

Тоа е!

Извор: Фејсбук профилот на авторот