„Mono Maniac“ - нов сингл на македонскиот бенд „The Protagonist“

30.03.2017 10:38
„Mono Maniac“ - нов сингл на македонскиот бенд „The Protagonist“

Македонскиот бенд The Protagonist по издавањето на полуконцептуалниот албум „No Exit Museum“ продолжува понатаму со работа на новиот албум наречен „Absolute Attitude“.

По објавата на првиот сингл „Love Stream“ од новиот албум кој беше промовиран и на каналот на МТВ Адрија, бендот го објавува новиот втор сингл и видео запис за песната „Mono Maniac“. Станува збор за енергична композиција со моќен гитарски риф, исполнета со топли, но во исто време продорни вокали.

Финалниот микс и мастеринг на песната е изработен од познатиот британски инженер за звук Сајмон Хејворт (кој соработувал со Ник Кејв, Мајк Олдфилд, Кинг Кримсон, Енио Мориконе...) Видеото е снимено во Кино Милениум Скопје.

Сите досегашни синглови од првиот албум на бендот влегоа на листата ТОП 20 на МТВ Адрија, а албумот имаше и повеќе рецензии меѓу кои и во списанието Ролинг Стоун, со позитивни критики.

ОкоБоли главаВицФото