На архипелагот Свалбард отворена подземна библиотека за складирање на најважните книги на светот

06.04.2017 12:48
На островот Свалбард отворена подземна библиотека за складирање на најважните книги на светот

На архипелагот Свалбард кој му припаѓа на Кралството Норвешка, отворена е „Doomsday Vault“, библиотека во која во дигитална форма ќе се чуваат најважните книги на светот. На таков начин книгите ќе бидат заштитени од екстремните климатски услови, па дури и од нуклеарни војни.

Освен Норвежани, претставници од Мексико и Бразил првпат во неа ќе зачуваат копии од своите книги. Оваа ризница уште се нарекува Светска арктичка архива и се наоѓа во Свалбард, каде веќе е отворен Global Seed Vault - каде се наоѓа збирка семиња кои би можеле да му помогнат на човештвото да преживее во случај да исчезнат резервите на храна.

Книгите ќе се чуваат со помош на напредна технологија осмислена од компанијата Piql. Податоците ќе се чуваат во облик на филм, а не на хард дискови. Оваа компанија со помош на фондовите на ЕУ и норвешкиот Research Council направи големо истражување за да се утврди дали филмот е добар медиум за чување податоци. Картрине Лоен Томсон од Piql смета дека со помош на таква технологија податоците ќе можат да се чуваат 1000 години.

Филмот ќе биде сместен во ров со име Mine 3 кој ќе биде замрзант во пермафрост, зашто така се постигнува еднаква температура.

Извор: Live Science

ОкоБоли главаВицФото