1014 hPa
39 %
26 °C
Скопје - Нед, 10.05.2026 14:59

Излегуваш од бањата по она што го правиш зад затворена врата. Помеѓу нас е мал ходник со големо огледало. Исчезнуваш во левиот агол, зашто таму е плакарот со облека. Сакам да те видам гола во огледало и бегам од компјутерот, се свртувам за 180 степени: единствено што гледам е моето повторено лице во големиот и пуст простор.
Седнувам на своето место пред лицето на екранот, тропам по тастатурата: дали така ќе те повикам, дали така ќе те опишам? Признавајќи што сум сакал, покажувам колку сум слаб и тоа ќе ми се одмазди во идниот живот, во текстот.
Но кој би се грижел за тоа сега? Каде си, сакам да кажам дека тоа ми е важно? Што правиш? Како си облечена, се распрашувам за покривката, за крајот.
Превод: Иван Шопов
Фотографија: Коди Брет