„Мислев дека таа ноќ никогаш нема да заврши“

03.05.2017 10:34
„Мислев дека таа ноќ никогаш нема да заврши“

СКОПЈЕ (АА) – Снимателот на Anadolu Agency (AA) Ведат Абдул, кој беше меѓу лицата кои демонстрантите кои влегоа во зградата на Собранието на Република Македонија во четврток вечерта со саати ги држеа како заложници, се присети на случувањата и на она што го преживеал тој ден кога беа повредени десетици лица, меѓу кои пратеници, полицајци и членови на медиумите.

Абдул рече дека покрај тоа што претседавачот на Собранието го одложил гласањето поради тензичната ситуација, бил избран нов претседател на Собранието, од страна на политичките партии кои го сочинуваат парламентарното мнозинство, предводени од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) преминале во просторија во рамките на Собранието, каде лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одржал прес-конференција, при што околу дваесетина претставници на медиумите ја чекале изјавата на Заев.

Снимателот Абдул истакна дека демонстрантите-поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ кои во тој момент реагирале против настанатата ситуација, се собрале пред собраниската зграда и сакале да влезат внатре во Собранието.

„Првин не ги сфативме за сериозно. Впрочем, постојат закони. Не можат толку слободно да влезат внатре. Не поминаа ниту пет минути, тие влегоа внатре“, рече снимателот Абдул.

Истакнувајќи дека веќе две години работи за АА и дека десетици пати влегол во Собранието, Абдул нагласи дека внатрешноста на собраниската зграда наликува на лавиринт. Тој вели дека некој којшто прв пат влегува во зградата од предната врата, нема да знае дека на кој кат се наоѓа, и дека е многу комплексен патот за качување на третиот и четвртиот кат.

Абдул вели дека биле вознемирени кога виделе дека демонстрантите влегле внатре, но сè додека не стасале до четвртиот кат имале надеж дека полицијата ќе интервенира.

Не се случи така. Или имаше некој кој ги насочуваше, или пак претходно влегле во зградата. За пет минути се качија на третиот кат“, раскажува Абдул. Објаснувајќи дека имало и пратеници во салата каде се наоѓале тие, Абдул вели:

„Започнаа насилно да ги туркаат вратите за да влезат во салата во која бевме ние. Сè уште постоеше надеж во мене. Имаше пратеници во салата, не треба да биде лесно. Во еден момент видовме дека вратата се отвора. Телохранителот на Заев претрча да ја задржи вратата, но не успеа да ја држи повеќе од 10 секунди. Вратата целосно беше отворена. Толпа луѓе потрчаа кон нас. Не знаевме што да правиме, само стоевме“.

„Приоритет беа Заев и Села“

Абдул истакнува дека забележал оти приоритети на групата луѓе кои влегле внатре биле Заев и пратеник од албанска партија во парламентот, Зијадин Села. Тој нагласи дека маскирана група ја контролирала ситуацијата, а другите напаѓале, и врз пратениците и врз другите присутни фрлале сè што ќе најдат.

„Од една страна се потрудив да ги снимам нив, а од друга страна се заштитував себеси да не ме удираат. Одеднаш слушнав како Заев извика 'Удрете, удрете, ова ќе ви се врати' “ вели Абдул, истакнувајќи дека лицето на Заев, како и лицата на некои други пратеници биле раскрвавени.

Абдул раскажува дека во таа мешаница била раскрвавена главата на еден од снимателите, и дека еден постар човек го удирал од зад грб снимателот. „Одеднаш ги ставија припадниците на медиумите во еден ќош. По некое време тројца маскирани лица ни кажаа да одиме со нив. Од третиот кат почнавме да се спуштаме по скалите“, раскажа Абдул.

Снимателот Абдул нагласи дека во тој момент во неговата глава поминувале многу мисли. „Каде нè носат овие? Треба да бегам“, и додава: „Бевме околу 10-12 души. Јас одев во средина. Одеднаш се тргнав од нив, и почнав да трчам по ходниците. Не знаев каде одам. Трчајќи од еден ходник во друг барав некоја празна просторија. Најдов една соба и влегов. Веднаш контактирав со господинот Аднан Идриз, уредникот на Anadolu Agency (AA) на Сервисот на македонски и сервисот на албански јазик.“

 

„Ако излезете, ќе ве убиеме“

Абдул истакна дека околу еден час се криел таа соба, и забележал дека батеријата на неговиот телефон се испразнува. Според информациите кои ги добил однадвор, постојано се зголемувал бројот на луѓето собрани пред собраниската зграда.

„Се симнав на првиот кат со надеж дека ќе најдам некој пат за излез. Се сретнав со тројца припадници од други медиуми. И тие избегале. Почнавме заедно да одиме. Не знаевме од каде ќе излеземе. Одеднаш се појавија три маскирани лица со пиштоли. Нè зедоа и нè однесоа покрај другите. Бевме околу 10-12 души. По некое време нè разделија и распределија во две групи, потоа во три соби, и почнаа да нè претресуваат. Тие беа млади луѓе на возраст помеѓу 20-30 години, облечени во тренерки и патики. Со пиштоли во раце покажуваа кој во која соба ќе влезе. Влеговме во собата, светлото се изгаси. Ни упатија закани, велејќи 'Ако излезете ќе ве убиеме'.“

Абдул нагласи дека продолжил скриено да разговара по телефон со Идриз и го информирал за ситуација внатре.

„Ми кажа дека треба да бидам смирен и дека тој ќе се справи со ситуацијата. Исто така неколку пати ми се јави и амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, и рече дека се обидуваат да најдат решение за оваа ситуација“.

Снимателот Абдул објасни дека со другите пратеници, меѓу кои бил и Заев, биле однесени на најдолниот кат од зградата, и потоа една група од специјалните единици најпрвин пратениците ги качиле во возило, и се оддалечиле од зградата, па потоа од задната врата ги пуштле нив, новинарите.

Тој вели дека кога излеглле надвор на 50 метри пред нив имал полициски кордон пред десетици лица, и рече: „Не знаев во која насока да одам. Им се јавив на моите другари од Агенцијата. Дојдоа и ме зедоа“.

Што се случи тој ден?

Во собраниската седница во четвртокот настанаа тензии меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците кои го сочинуваат парламентарното мнозинство предводено од СДСМ, и беше одложена седницата на која требаше да биде избран претседател на Собранието. И покрај тоа што се одложи седницата, парламентарното мнозинство под водство на СДСМ го избра Талат Џафери од Демократската унија за интеграција (ДУИ), за претседател на Собранието.

Демонстрантите поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, по изборот на Џафери за претседател на Собранието се собраа пред собраниската зграда, а маскирана група влезе во Собранието и како заложници држеше некои пратеници и новинари, кои беа нападнати.

Досега, осум лица се приведени поради вмешаност во настаните во Собранието, додека околу 100 лица се повредени, меѓу кои се пратеници, полицајци и новинари.

Извор: aa.com.tr