Најлешперските изјави по крвавиот собраниски четврток

03.05.2017 13:34
Најлешперските изјави по крвавиот собраниски четврток

Митко Чавков:

-Појма немав што се случува во Собрание. Никој не ми кажа.

-Два часа собирав полицајци за да интервенираат.

-Јас морам да констатирам дека имам сомневања дека Агим Нухиу имал информација за подготвување на такво сценарио во Сoбранието на РМ, никој од нас не можевме да претпоставиме дека по завршувањето на седницата ќе има еден таков развој на настаните.

Никола Груевски:

-Јас не сум во политиката за да владеам со насилство и не прифаќам било кој да владее со насилство.

-Па ако сакаше некој да го убие (Заев) таму ќе го убиеше, 100 души имаше во салата на 5 метри од него, ако била намерата да го убијат ќе изадеа пиштол, ќе го убиеја.

-Јас никогаш го немам потценето мојот народ. 
(Во истото интервју за учесниците во Шарената револуција: „платени протестанти“.)

-Јас не изнесувам луѓе на улица, луѓето сами излегуваат на улица.

-60 дена едно цвеќе не е згазено.

-Не командувам никого, Чавков е професионалец.

Владо Јовановски: Бев во Собрание за да изнесувам повредени и да им давам вода на полицајци.

Љупчо Димовски: Тие што влегоа во Собранието, не беа луѓе. Тие беа народ. И затоа се поздравувавме со нив.

Антонио Филевски: Јас бев во Собрание, ама го бранев Заев.

Новинарка од Сител: Г-дине Хојт Ји, дали Трамп знае за вашата посета во Скопје?

Ацо Станковски: Да беше некој друг народ до еден ќе ги линчуваше и никој немаше да остане жив, но сепак овој благороден и питом народ закочи во тие последни моменти да не ги сможди како комарци на ѕид и да остане само црвена флека од нив. И не им доаѓа памет и покрај ова предупредување. Сепак, странците веројатно нема да се вмешуваат во можна граѓанска војна, односно народот ќе си воспостави своја власт или изнудување на воена состојба од претседателот Иванов, кој веројатно и тоа ќе го направи во даден момент и потоа ќе почне масовно да се апси. Овој народ не се шегува, беше доволно трпелив.

Солза Грчева: Ако на овој начин се избира претседател на Собрание и ако на ваков начин се избере Влада, таа нема да е реформска, туку најмногу Револуционерен Совет (можеби и со право на прек суд). Инаку не знам што бара Хојт Ји кај Иванов. Никој изгледа не му кажал дека вчера, на скалите од мојата зграда, моите комшии ме избраа за Претседател на РМ. Имам слики, маж ми ми подари цвеќе, направивме свечен ручек и сè така по Устав, закон и деловник на куќниот совет.

Богдан Илиевски – Бетмен велит: Насилство не смее да го има. Го осудувам, секогаш сум го осудувал, секогаш ќе го осудувам. Повредените се нечии синови и ќерки, татковци и мајки. И тие кои ги видовме, и оние, незнајните кои се во болниците. И никој не може, не смее да биде прогласен за виновен и да му се суди со тупаници или метал по улици или по канцеларии, ходници, амфитеатри или каде било на друго место.

Татјана Каракамишева: Едно цвеќе не е згазено!

Владанка Авировиќ: Не влегоа луѓе со качулки, тоа беше само народ, немаше такво нешто, ниту па знаевме што се дешава надвор од салата.

Димитар Пецов: „Пуштете ја, пуштете ја, тргнете ја, жена е“, и ја затоа ја повлеков, да ја тргам на страна, да не настрада.

Никола Србов: Факт е дека СДСМ сакаше да дојде до конфликт.
Факт е дека позади конфликтот СДСМ сакаше да го скрие ударот врз државата.
Факт е дека СДСМ најдолно го изманипулира народот и неговите чувства за да ја продаде приказната надвор.

(...)

Факт е дека никој не може да контролира толкава изреволтирана толпа.
Факт е дека бројот на полициски сили на протестите е континуирано ист.
Факт е дека два месеца немаше никаков инцидент на протестите.
Факт е дека никој не можел да предвиди кога СДСМ ќе прави пуч па соодветно на тоа и да го зголеми бројот на полицијата.

Миленко Неделковски: Сношти пензионерите и жените ги тепаа предавниците. Како увертира. Замисли кога мажите ќе почнат маваат.

Игор Дурловски: Шеесет дена мирни, достоинствени протести со дел од моите сонародници и многу сум горд заради тоа. Верував дека со моето делување ќе можам нешто да променам, дека ќе успееме да ја зачуваме Македонија таква каква што ја знаеме – унитарна! Жал ми е што индиректно бев дел од насилството кое неколку пати јавно го осудив.

Билјана Ванковска: Синоќа немаше невини.

Валентина Божиновска: Беше спроведено совршено сценарио за да се испровоцира народот.

Слики: Свирачиња