нереволуционерна песна

18.05.2017 14:45
нереволуционерна песна

да бев некој друг може ќе се бавев со „прошка“, ќе се бавев со што било друго... со вуу-дуу... со феноменологија на вуу-дуу... под високи планини (под една таква од нашата историја илјадници во епски битки изгинаа од цироза и очај и подадоа раце кон бога) до последен миг бодеа со стегнати заби глинени кукли, а бог, !?... бог, мислам, не забележа - милијарда ѕвезди умреа и се родија во тој миг... да бев некој друг сигурно ќе кажев: значаен инвентар и за еден бог - во време на прочистување, на глинени кукли со коњски влакна по ќелави и празни лејки, под очи збрлавени од алчност и бес, очиња од страв, очиња од милост, очи од радост, надеж, очиња копчиња... и зошто човек да го фрла сиот свој бес врз таа глина, лоша мисла за војна и ужас!?... легни и покриј, коњски влакна, очиња копчиња, изгубени дуси, за прошка, за човечка близина, топлина, и љубов

Слични содржини

Теорија / Музика
Музика / Око

ОкоБоли главаВицФото