Будење

24.05.2017 01:37

Светот ме остава, и килим, и соба
Сè си оди;
Балконот станува слободен облак
Меѓу капаците броди.

Ах, со завртен грб ѕидовите си одат
Секој на своја страна,
И како некој чун ги управуваат и ги водат
Неколку невидливи брана.

Таванот се жали дека во него срце на галеб бие
И во градите му се стиска,
Паркетот целејќи некаков ужас скриен
Одеднаш списка

Како некој човек да паднал во море
Од невидливата катарка
Од височините, од горе.

Препев: Влада Урошевиќ

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото