Вештачка опашка

01.07.2017 19:18

Порано услужливоста ми беше прикрпена
како вештачка опашка на сакато куче.
Мав, мав, мав, мавташе мојот додаток без нерви:
Ако ти дадам нешто, ќе ме сакаш?

Гледај како те правам среќен!
Еве едно суво стапче за тебе!
Го донесов од буништето.
Еве ти една мртва птица.
Повели! Не ли сум добра?

Еве ти една изглодана коска,
моја е,
ја извадив од раката.
Еве ти го моето срце, малку валкано од блуеж.

Јас ли згрешив кога се налути
поради светските вести? Кога го пцуеше Бога,
банките, а згора на сè и времето?
Кога беше скиснат цел ден и злобен кон
сопственото огледало, како и
кон девојките на каса?
Кога мислеше дека сексот е срање?

Сторив сè што можев, мав, мав,
ми мавташе опавчето.
Повели малку лиги и кал!
Цени ми ја добрата волја! Залепена е
на ѓонот од твоите чизми
како меко розово желе што се топи.
Еве, земи ја со себе!
Земи ми сè, за да се oслободам;
за да можам да побегнам. Вина за тоа немам.
Може, еве, да ја задржиш и опашката.

Превод: Зоран Анчевски

 

ОкоБоли главаВицФото