Класик

03.08.2017 11:50
Класик

Класик

Големо дрвено уво затнато со памук и тормозењата на Цицерон. Прекрасен стилист - велат сите. Денес никој веќе пишува толку долги реченици. И каква ерудиција. Дури и каменот умее да го чита. Само никогаш нема да се сфати дека жилите на мермерот во Диоклецијановите терми - се напрснатите крвни садови на робовите од каменоломот.

Мртва природа

Со промислено невнимание на масата се истурени сите оние облици насилно одвоени од животот: риба, јаболко, грст зеленчук измешан со цвеќе. На тоа се додава мртвиот лист на светлината и мала птица со окрвавена глава. Птицата во скаменетите канџи стега мала планета, составена од празнина и одземен воздух.

Превод: Иван Шопов
Слика: Dan Cretu

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото