1015 hPa
25 %
17 °C
Скопје - Пет, 10.04.2026 16:59

ПИЈАНИЦИ
Пијаниците се луѓе кои пијат до дно и на екс. Но, го искривуваат лицето, зашто на дното повторно се гледаат себеси. Низ грлото на шишето набљудуваат далечни светови. Кога би имале посилна глава и повеќе вкус, би биле астрономи.
СЛОН
Слоновите се многу чувствителни и нервозни. Имаат бујна фантазија која им дозволува одвреме-навреме да заборават на својот изглед. Кога влегуваат во вода, ги затвораат очите. Кога ги гледаат своите нозе, се нервираат и плачат.
Познавав слон кој се заљуби во колибри. Слабееше, не спиеше и на крајот - срцето му препукна. Оние кои не ја познаваат природата на слонот, рекоа: беше толку гломазен.
Превод: Иван Шопов
Слика: Cathy Jourdan