Штети

17.08.2017 12:06
Штети

Што ќе прават вмроните по поразот во Курската битка за Марко Зврлевски!?

Јас ќе ви кажам: Штети!

Ќе ја тушираат ќелавата глава на Антонијо Милошоски со студена вода сѐ дур не му ги скинат последните синапси, па ќе го однесат пред кабинетот на Таравари да му умре на министерот во блаженоста на своето лудило.

Авировиќка ќе затрудни на стари години за да не мора да бара туѓо бебе што ќе го задуши на Клиниката за гинекологија и акушератство, точно во моментот кога Таравари ќе минува оттука во некаква инспекција. Бебето во шок ќе си го голтне јазикот кога прв пат ќе ја види својата мајка.

Илче Гебелсче ќе ги украде капаците на шахтите пред Јавното обвинителство за да има каде да скрши глава новиот обвинител уште пред влезе во испразнетиот кабинет на Марко.

Груевски ќе ги украде семафорите на „Огњан Прица“ во надеж дека автомобилот на Заев од Бихаќка и камионот на Комунална хигиена ќе се залепат под неговиот балкон.

Силванева Бонева ќе ги краде сообраќајните знаци на патот за Дабиле, не за да пече пиперки за ајвар, туку за да предизвика серија сообраќајки со што ќе го компромитира Оливер Спасовски.

Рангелова ќе ги краде пластичните капаци од веце школките во кафанските тоалети за да предзвика незадоволство кај женската популација која, како што е познато, најмногу мрзи да ги лепи голите газови за студена и валкана керамика.

Фљатко Ѓорчев ќе се запали пред влезот во американската амбасада откако претходно, при одење на интервју за виза, Тачи ќе го расипе противпожарниот апарат во портирницата на амбасатата.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња