Гинеколошки долги, тенки, фино заоблени прсти

24.10.2017 17:47

со потсечени, навидум грижливо негувани нокти
на десната шепа, со пораснати влакна до третината
од другата страна на дланката и само првите членчиња
на петте „штипки“ – ги злоупотребуваш, за да остане
книгата Истребувач 2 отворена врз постелата. Веќе 10 минути

ја следиш иако си Бог крај ме-не. Првпат по 19 години
дупен и раздвижен живот, изјави
дека сакаш да читаш в кревет. И тоа веднаш откако водевме љубов,
post coitum крштевање, откако ја истуширав алерген спермата
од мевот (почесто од грбот), а ти под чешмата си ги зами усните
за да не те печат и половиот орган за да не те чеша.

Уште 5 мин. безделно лежам крај тебе,
посматрајќи те со блажена благодарност и задоволна, низ покривката
вдишувам мирис по 3-500-тиот секс врз разлабавената пружина.
За ... не знам, што, поезијата ми се искристализира во бумеранг
од срце, од вагина, од мозок, од дух.
Морав да се стрчам кон компјутерот, да го зграпчам, да го гушнам,
иако ти ми дофрли дека ќе настинам.

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото