„Гуш и Бац”

01.12.2017 16:57
„Гуш и Бац”

Утре, сабота, на втори декември 2017 во 19 часот во Чифте Амам, ден пред одбележувањето на меѓународниот ден на лицата со попреченост, ќе биде промовирана книгата „Гуш и Бац”.

Промоцијата ќе биде придружена со изложба на илустрациите поместени во книгата. Станува збор за 47 слики создадени од 33 креативни луѓе. Во сликите се содржани зборовите на единаесетгодишната аутистична Ерато Кардула. За потребите на книгата нејзините измислени 47 зборови се преведени на 19 јазици.

Идеен творец, продуцент и уредник на целиот проект „Гуш и Бац” е Зоран Кардула. Една од најважните цели на проектов е да се подигне свеста за аутизмот и да се придвижи општествената интергација на аутистичните луѓе.
При промоцијата ќе се продаваат книгата, илустрациите, разгледниците и беџевите. Средствата ќе бидат наменети за реедукација, односно работа со дефектолог и логопед на оние дечиња со аутизам кои не може да си го дозволат тоа.

Модератор на настанот ќе биде Огнен Јанески, промотор Никола Гелевски, а музика ќе пушта Соња Исмаил Огненоска.

Повелете!

КАЈН ПМ’П (Граници не постојат)

Илустратори: Ване Костуранов и Видана Бошкова Мицевска

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото