Со постела среде собата

06.12.2017 12:56

Спијам
во една соба,
во една куќа,
кај што сите ме игнорираат.
Саноќ
вратите се отвораат и затвораат
крај мене,
катаден ги поднесувам
чкрипењето на вратите
и тупотот на чекорите.
Заглавена сум на оваа раскрсница
со постела среде собата,
небаре е зебра.
Погледите на минувачите
што ги впива мојот заспан лик,
мојот лик валкан од сни,
насмеан (насоне) или накострешен...

Превод: Лидија Димковска


Дениса Дуран е родена на 22 август 1980 год. во Радауци, Романија, во семејство на писатели. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Букурешт, а магистрирала на тема за звуковната поезија. Работела како новинар и преведувач, а од 2007 година работи како културен менаџер во Романскиот културен институт во Букурешт.

Нејзината прва збирка поезија „Пердувест и механички“ (Винеа, 2003) ја доби наградата за најдобро дебитантско дело како на Друштвото на писателите на Романија (филијала Брашов) така и на Здружението на писателите на Букурешт. Нејзината втора збирка песни „Човек за една употреба“ е објавена двојазично, на романски и англиски, во Ирска од страна на „Галвеј принт“. Во 2012 година ја објавила третата збирка поезија, „Сеуште сум млада“, а во 2014 год. експерименталната збирка „Ми се спие, но ти правам друштво“. Нејзините први три книги беа потпишани под името Дениса Мирена Пишку. Заедно со австрискиот уметник Бруно Писек во 2015 год. реализира радио-емисија на ОРФ – Кунстрадио под наслов „Букурешт денес е убав, нели?“ Учествувала на бројни меѓународни фестивали и читања, а во јули 2015 год. беше гостинка на книжевната резиденција „Апсолутно модерен“ во Скопје во организација на Традуки и издавачката куќа Готен. 

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото