Критичко преиспитување на правото - серија настани на Правниот факултет „Јустинијан Првио“

18.12.2017 14:43
Критичко преиспитување на правото - серија настани на Правниот факултет „Јустинијан Првио“

Под насловот „Критичко преиспитување на правото“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ ќе биде одржана серија настани како: јавни предавања на домашни и странски научници и истражувачи, затворени симпозиуми и објавување текстови поврзани со темите кои ќе бидат обработени во текот на претходно споменатите настани.

Централната тема произлегува од современата критика на правото и различно организираните методолошки и содржински пристапи кон таквата критика поделени во четири дела: 1) психоанализа и право, 2) биополитика и право, 3) мултикултурализам и право, 4) авторитаризам и право.

Активностите под наслов „Критичко преиспитување на правото“ ќе започнат во рамки на тематската целина „мултикултурализам и право“, со јавното предавање на проф. д-р Елвио Бакарини од Филозофскиот факултет, Универзитетот во Риека.

Проф. д-р Бакарини ќе одржи предавање со наслов „Темелите на уставот во плуралните општества“, на 22 декември, на Правниот факултет (депозитна библиотека), во 14.00 часот. Со оглед на тоа што проф. д-р Бакарини е еден од најдобрите познавачи на делото на Џон Ролс во регионот, неговото предавање ќе биде фокусирано на тоа - како Ролсковскиот концепт за правда може да биде разложен низ уставните механизми во општества во кои постои плуралност на начини на живот, групи и индивидуи.

Проф. д-р Бакарини предава на Филозофскиот факултет во Риека и ги покрива научните области како: Етика, Теории за демократијата, Држава, права, индивидуа и заедница, Политичка филозофија, Граѓанска непослушност и др.

Некои од неговите последни трудови се однесуваат на слободата и еднаквоста во плурални општества, парламентарната демократија и границите на легитимноста на граѓанската непослушност, политиката на идентитети и либерализмот и др.

Повеќе за неговиот професионален ангажман, на следниот линк.

Информациите во врска со настаните кои ќе се одржуваат под насловот „Критичко преиспитување на правото“ ќе бидат споделувани на фан страницата на Фејсбук или преку електронската адреса: kritika.pravo@gmail.com.

ОкоБоли главаВицФото