Под земја полесно се дише 5

22.12.2017 13:05
 Под земја полесно се дише 5

Под мотото „Алтернатива за подобро, здравје!“, на 23 декември (сабота) ќе се одржи петтото издание на мултимедијалниот фестивал „Под земја полесно се дише“.

„Иако прогласен за најзагаден град во Европа, Скопје останува еден и единствен избор за реализација на овогодинешниот фестивал. Мултимедијалниот фестивал „Под земја полесно се дише“ Ви нуди незаборавна вечер и богат репертоар на културно инхалирање свежа продукција од областа на визуелните и музичките уметности од земјава и странство!“, пишуваат организаторите.

Музичката програма, традицонално составена од нови музички остварувања од земјава и регионот, ја нуди  можноста за запознавање со следните бендови:

КОНВОЈ БОНТОН БАЈКЕРА (Белград)
Користат дисторзија исклучиво на “саксофон“ пресетот на клавијатурата. Свират синтетички панк-рок и урлаат за љубовта / омразата помеѓу камионџиите, бајкерите, полицајците, хипиците, одбегнатите средношколки автостоперки и сите останати пробисветови на друмот. На ден на концертот излегува синглот 'tužićutemami', најава за нивниот втор албум кој треба да излезе во јануари.

https://spielzeugmuzak.bandcamp.com/album/dve-konjske-snage

TRANSHUNTER (Скопје)
Јуначки автоматизиран премост на далечни не хумани состојби и нивно ковање во алхемијски оружја на спасение (за некои).

https://fuckyogarecords.bandcamp.com/album/s-t-2

СВЕТЛОСТ (Скопје)
Амбиент-џез трио составено од Нинослав Спировски (кларинет / саксофон), Кристијан Новковски (удиралки) и Дени Омерагиќ (бас / синтесајзер / електроника). Во моментов работат на своето дебитантско ЛП, кое ќе содржи три долги композиции во кои се вклопени стилови како слободен џез, пост-панк, амбиентална и електро-акустична музика.

Првпат во Скопје, фестивалот „Под земја полесно се дише 5“, го претставува спектаклот „Шутофонија“ во изведба на таканаречениот Кула Колектив. Станува збор за проект кој ги брише границите помеѓу двете главни категории на фестивлот, музичката и ликовната продукција.

Кино Ходник е новитет во програмата на фестивалот, простор посветен на аудиовизуелните медиуми каде ќе бидат проектирани експериментални видеа, анимации, краткометражни филмови и сл.

На изложбата ќе бидат претставени најновите дела на: Александра Ацеска,
Александар Ордев, Ангела Савевска, Амир Карахасан, Барски Брача (Филип Велковски, Марко Јанев, Филип Илиески и Бобан Доцевски),  Бисера Крцковска, Викторија Митева, Владимир Лукаш, Владимир Здравевски, Данкан Гибс, Доротеј Нешковски, Ертунч Сали, Иван Трајчев
Иван Шапков, Ивана Мирчевска, Ивана Самандова, Јасмина Главинче, Лина Дамјан, Маја Стојковска, Марион Балак, Марко Вилиќ, 
Марико Хори, Наташа Неделкова, Ненад Тонкин, Никола Радуловиќ, Пале Јовановска, Раде Набаков, Самир Карахасан, Сандра Јовановска, Сања Симоска.

Во соработка со уметничката во резиденција Кан Серат, годинава двајца уметници учествуваат на изложбата: Марион Балак и Данкан Гибс.

 

Слични содржини

Фотографија / Култура / Уметност / Настан / Око

ОкоБоли главаВицФото