Прозорец

30.12.2017 21:09

Каде и да се појавам е есен
суви се венечните ливчиња на трендафилот
црн проектор
жолт сјај
живот
во разни верзии, кадри и резови
еве тука
една бивша радост се потпрела
на црно-белите слики
со морето во позадина
(секогаш е лето, уште е лето)
фустан со цвеќенца, сандали
мириса на Coppertone
зголемување и доближување
тоа е ова мое лице на ѕидот
како прозорец
од кој ги гледам долу
учесниците во мојот живот.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото