Зошто досега не беа правени мерења на „Дрисла“ и дали некој ќе преземе одговорност?

05.01.2018 12:10
Зошто Зошто досега не беа правени вакви мерења на „Дрисла“ и дали некој ќе преземе одговорност?

Ако решиме во овој случај да не ја коментираме договорената казна со консензус, туку потврдата дека е свесно направено дело со кое е загрозен животот и здравјето на жителите на Скопје, тогаш ова може да го сметаме за валидна потврда од државата за сѐ што се случува со воздухот. Очигледно дека пофреквентни инспекции на терен се неопходни и затоа ги повикуваме надлежните ваквите мерења да не бидат инцидентни туку секојдневни.

Прашањето кое секако се поставува е зошто и до сега не беа спроведувани вакви мерења на Дрисла, особено затоа што граѓаните со месеци и години зборуваат за горењето во тој инсенератор?

Дали ДИЖС и досегашните инспектори ќе ја преземат одговорноста и за досегашното затворање очи пред очигледно постоечкиот проблем?

Зошто минатиот месец, за прв пат е поврзано согорувањето на медицински отпад во Дрисла со нивото на загадување кое го покажува мониторинг станицата Лисиче?

Зошто до сега не е направено вакво поврзување, и повторно, дали ДИЖС ќе ја преземе одговорноста и за ова?

Извор: Коалиција О2 за чист воздух