Млади и заљубени во шминката

19.01.2018 13:21
Млади и заљубени во шминката

Меган Рорк не е баш најгорда кога признава дека е зависник. Нејзината страст? Шминката.

Меган, 27 годишничка која работи како продавачка во Абингдон, Вирџинија, според сопствена проценка месечно троши 300 долари на козметика. Неделно поминува најмалку три часови гледајќи туторијали на Јутјуб.

Младите конзументи како Меган купуваат и користат речиси 25 проценти повеќе козметика отколку што трошеле пред две години и значително повеќе од бејби-бум генерацијата, според истражувањата на компанијата НПД.

Неодамна, Меган за време на распродажбата на сајтот Ултра Бјути, потрошила 109 долари. „Мислам дека секоја девојка сака да потроши пари на парче облека, но јас секогаш сум за шминка“, истакнува.

Експанзијата во светот на козметиката е светла точка во инаку проблематичната средина за продавачите и компаниите кои испраќаат пакети на домашна адреса.

Се очекува приходите на компанијата Ултра Бјути, која во својата понуда има како престижни, така и поевтини дрогериски брендови, и во последните неколку години отвора и по стотина нови продавници годишно, од 3,9 милијарди пред две години да скокнат на 5,9 милијарди.

Приходите на Сефора, припадник на луксизниот гигант LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton, пораснале двојно во однос на 2011.

Кајли Козметикс, онлајн продавница на 20 годишната Кајли Џенер во која сетовите руменила за усни можат да се купат за 27 долари, а „кишедоу“ палетите за 42 долари, заработи 420 милиони од продажба за само 18 месеци. Рекламирањето главно се врши преку Инстаграм профилот на госпоѓицата Џенер, која на оваа социјална мрежа ја следат повеќе од 99 милиони луѓе.

Козметичките компании ги пренасочуваат парите наменети за огласување од телевизијата и печатените изданија на Инстаграм и Јутјуб. Брендовите кои некогаш вработувале глумици и модели за рекламирање нови кармини или руменила, сега молскавично заработуваат со таканаречените „инфлуенсери“.

Брендот Бека Козметикс во 2015 година се здружи со Џеклин Хил за изработка на хајлајтерот „Champagne Pop“ по цена од 38 долари. Сите 25 000 примероци се продале за само дваесет минути преку Sephora.com.

Она што е променето е и незаситниот апетит на милениумците кога станува збор за социјалните мрежи. Минатата година, прегледите на бјути снимките на Јутјуб надминаа 60 проценти, односно донеле 219 милијарди долари, според компанијата Пиксабилити од Бостон, која ги следи инфлуенсерите.

Тие се ангажираат за спонзорирани објави, што значи дека брендот му плаќа на инфлуенсерот да го рекламира производот.

Меѓутоа, колку поблиску соработуваат брендовите и инфлуенсерите толку сè повеќе чекорат по работ. Бјути инфлуенсерите чии бази следбеници пораснаа благодарение на искрените рецензии ризикуваат да ја изгубат довербата доколку нивната публика е свесна дека се платени за да рекламираат одреден производ, опсипувајќи ги исклучиво со пофални зборови.

Габриел Замора, 24 годишен „бјути бој“ влогер од Лос Анѓелес, вели дека е поврзан со околу дваесет брендови. Истакнува дека главно добива бесплатни производи од компаниите и дека е мошне пребирлив кога станува збор за платените рецензии. Тој годинава се здружил со компанијата Мак Козметикс која ја поседува Estee Lauder, за да креира руменило за усни.

„Има брендови кои се навредуваат доколку зборувате негативно за нивниот производ, но факт е дека ниеден бренд не може да лансира цела линија производи и сите да бидат добри“, вели.

Слики: Malika Favre

Извор: New York Times

ОкоБоли главаВицФото