Пекинг

23.01.2018 16:09

Речиси никој веќе не се сеќава на тоа,
а и сам случајно налетав на три месеци стар
весник и прочитав: „Пекинг. Војската уби
3.000 студенти“ и се зачудив како сето тоа исчезнува,
иако најпрво секој од нас беше ужаснат,
а потоа си рековме: па сите имаме ладилници
и замрзнувачи, под небото се возиме со авиони,
на станицата нè чека електричен воз; никој не смее
да ги убива господарите на ладилниците
и на микробрановите печки
и можеби и таму сè било само недоразбирање
и војниците секој миг невешто ќе се извинат,
а студентите ќе си ги измазнат истутканите алишта,
ќе си ги јавнат велосипедите и ќе се одвезат
во менза на вечера.

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото