Да бидеш независен, зависи од многу нешта...

24.02.2018 13:54
Да бидеш независен, зависи од многу нешта...

Во царството на глупаците лудниците се направени за генијалните.

Животот ќе беше многу краток да немаше состаноци.

Спокојство и „здрава храна“ – тоа сигурно го кажал некој голем шегаџија.

Знам дека сите луѓе се добри, но како да разберам кои, во суштина, се тие луѓе?!

Едни цел живот се потхрануваат со вера. Други цел живот се хранат од неа...

Глупоста е појава што со ништо не покажува колку е опасно да се шегуваш со неа.

Да бидеш независен, зависи од многу нешта...

Човек најбавно расте на длабочина.

Врвеше по правиот пат, после тргна нагоре...

„Златната средина“ обично има сива нијанса.

Таа и тој беа толку приврзани еден кон друг, што требаше да се замеша трет за да ги раздели.

Началник – тоа е нешто што ако тргнеш против него, одиш против себе.

Во виното е вистината! А не во етикетата...

Технолошкиот прогрес значи секое магаре да има на располагање по стотина коњски сили.

Како нема да биде плодотворна нашата литературна нива кога има толку многу ѓубре во неа!

 

(Од книгата „Пресовани размисли“, 1968 г.)

 

Превод од бугарски: Ѓоко Здравески
Сликa: Даниел Фореро

ОкоБоли главаВицФото