1020 hPa
93 %
7 °C
Скопје - Пон, 14.10.2024 06:59
ЛОС АНЏЕЛЕС – Мамурниот Гиљермо дел Торо наводно испаничил и уште толку му се слошило додека ги читал многуте имејлови и пораки на телефон, во понеделникот откако му текнало дека им ветил на сите со кои зборувал на забавата по Оскарите дека ќе им напише филм. „Бог да чува, ебате главата – не ми се верува дека прифатив да ја правам тоа интергалактичката крими мистерија што ја зборев со Сандра Булок вчера,“ вели оскаровецот на Обликот на Водата, масирајќи си ја главата и мрморејќи „Што напраив, чоече?“ откако доби порака за средба на кафе во 10 со Рајан Сикрест. „Толку бев лом напраен, ама како да се сеќавам дека му ветив на Роберт Редфорд три биографии. Боже господе... последно ми текнува дека мавнав по една на екс со една фина чистачка и потоа се зареков како ќе ѝ напишам и режирам римејк на The Watchmen“. За време на интервјуто, Дел Торо изјави дека подобро ќе биде да седне да пишува, откако се исповраќа неколку минути во една корпа што му се најде при рака.
извор: theonion