Трибина „Цензура во уметноста и науката“

04.04.2018 00:26
Трибина „Цензура во уметноста и науката“

Денеска (4 април) во 12 часот ќе се одржи трибината „Цензура во уметноста и науката“. Оваа трибина е во рамки на настанот „Не е шега: дискриминација и цензура“ којшто во периодот од 1 до 10 април се одржува во Музеј на Македонија, како резултат на соработката меѓу оваа институција и Универзитетот „Гоце Делчев“.

Трибината која ќе се одвива во кино салата на Музеј на Македонија, на едно место ќе собере повеќе уметници и научници кои ќе говорат за елементите на цензура што биле или сè уште се присутни во творењето, изложувањето, истражувањето, публикувањето и јавниот говор.

На трибината ќе учествуваат Атанас Ботев (Музеј на град Скопје), Слободанча Стевческа (ОПА - Опсесивна посесивна агресија), Владимир Јанчевски (Иницијатива Кооперација), Јана Јакимовска (Ликовна академија – УГД), Никос Чаусидис (Филозофски факултет – УКИМ), Љупчо Ристески (Институт за етнологија и антропологија – УКИМ), Олгица Кузмановска (Институт за физика – УКИМ) и Гоце Наумов (Музеј на Македонија). Учесниците ќе говорат за личните видувања поврзани со цензурата во уметноста и науката и можностите за нејзино надминување, а ќе се отвори и јавна дебата во која ќе можат да се вклучат сите присутни гости.

Во рамки на настанот „Не е шега: дискриминација и цензура“ отворена е изложбата „Цензура“ на студентите од Ликовната академија при УГД, а ќе се одржат и кино проекција на филмот „Boys Don’t Cry“ на Кимберли Пирс (3.04. - 19 часот), работилница за плакати (5.04. – 10 часот) и промоција на книга и концерт на студентите од Музичката академија при УГД (10.04. – 20 часот).

 

ОкоБоли главаВицФото