Излегува првиот том од „Македонска рок енциклопедија“

06.04.2018 00:36
Излегува првиот том од „Македонска рок енциклопедија“

На 400 страници, со 333 македонски музички состави, со 2000 споменати музичари и околу 400 црно-бели фотографии, по повеќе од шест години истражувачка работа конечно ќе биде објавена „Македонска рок енциклопедија“.

„Од денес, па во следните 40-ина денови, ја имате можноста вашиот примерок на Енциклопедијата да го купите/резервирате однапред, како limited edition издание, нумерирана и рачно потпишана, по пониска цена од продажната, со бонус – скромни подароци. Ова е и начинот на кој можете да го поддржите навременото и квалитетно печатење на Енциклопедијата“, стои во објавата за „Македонска рок енциклопедија“ на Фејсбук.

Промоцијата е најавена за 9 мај. Издавач на енциклопедијата е „Корпус деликти рекордс“. Се работи за авторско дело на музичкиот новинар Тошо Филиповски, кој години наназад е буден набљудувач, поддржувач, критичар и учесник во рокенрол културата.

Енциклопедијата ќе содржи биографии на разни состави – рок, џез, блуз, електроника, хип хоп, ворлд мјузик, поп-рок, панк, хеви метал, реге, ска… Содржи автори од периодот од 1963 до 2018 година кои создавале на тлото на Македонија, а со тоа активно дејствувале во креирање и развој на сцената.

Засега, најавено е издавање на прв том од енциклопедијата.

„Пријатели, поддржувачи, музичари, почитувачи на сопствената музичка историја, чувари на културното богатство… ја очекувам вашата поддршка за навремено и квалитетно издавање на капиталното дело: ‘Македонска РОК Енциклопедија (1963 – 2018), Прв Том’. Првите 500 примероци се limited edition, своерачно нумерирани и потпишани, со бонус македонска CD компилација (History of Macedonian Punk/HC Vol.1 1979-2001) + налепница“, стои во соопштението за „Македонска рок енциклопедија“.

Извор: Фејсбук

Слични содржини

Свет / Музика / Историја
Уметност / Теорија / Музика / Историја
Музика / Око / Историја

ОкоБоли главаВицФото