Значи да се немалo осет za praenje salata!

13.07.2018 15:07
ЗНАЧИ ДА СЕ НЕМАЛО OCET ZA PRAENJE SALATA

Во Малага бевме на слаголед и зборевме за луѓето што ги знаеме.
Јас нарачав чоколага, а другарка ми трачатела.

 

Ќе ми ставиш во сладоледот и мало умност, мало душност, мало граѓанство...

 

Спомнавте наздравување?! Сакам да присуствувам на тој чин чин.

 

- Несолена ми е супата.
- Плачи над тањирот.

 

Џабе ми продаваш муда за бубрези, веќе се консултирав со мојот изнутриционист.

 

Кока Кола Зеро што сака да се слика е Кока Кола Позеро.

 

ЗНАЧИ ДА СЕ НЕМАЛО OCET ZA PRAENJE SALATA.

 

Таа праша: Зошто ме покани во ресторанов?
Ми Ла Си Ми - ѝ одговори Бетовен.
Ги прекина келнерот: Повелете Сол.
Бетовен возврати: Фа Ла.

 

Јордан Пиперката и Страшо Пинџур отвараат револуционерен ресторан.

 

Буковец, нане, вегета, црн бибер - кватро фор манџи.

 

Име и презиме на обвинетиот: Јане Грешев.

 

- Ми личиш на убиец од роман на Агата Кристи!
- А ти Поаро да не си?!

 

Нит се води Netcetera.

 

Имам пропиштен повик од чајникот. Толку е досаден што почнувам да мислам дека во пеколот врие чајници.

 

Во пеколот врие народ.

 

Искрен човек полесно пламнува.

 

Најмногу работиш со жар во очите кога ти гори под нозете.

 

Земи си од бонбончињата на рецепција, сите сме гости на овој свет.

 

Нема веќе професионални возачи на валјак. Отишо је свак ко валја.

 

Еден ден на Сонцето ќе му стане јасно, ќе изгрее и само ќе ни рече: Ма кој ве врти!

 

- Уште ти ми фалеше...
- Молам?!
- Велам, ми фалеше!

 

- Што правите?!
- Си шепотиме.
- Аааа, не викате а?

 

- Би?
- Да.
- Ќе?
- Не.

 

- Полагав за слободен пад.
- И?
- Паднав.

 

- Што леб ви е ова?
- Исто ко мене. Стојан.

 

- Јас сум Кики.
- Јас сум Рики.
Па вие сте печени за пиво!

 

- Што правиш?
- Гледам што сум правела порано.
- Што си правела?
- Сум гледала што ќе правам покасно.

 

Се затрув со метафори. Носи ме на лексикологија.

 

Се скараа двајцата лектори:
- Плачеш за внимание ко в во чувство!
- А ти се наметнуваш ко р во жанр!

 

Музика е глагол од муза.

 

Заспивам е глагол во ниедно време.

 

Дај му прст, он и ќуфхцчџш бара.

 

Ако си аматер за правопис, стисни Лаик.

 

- Го осудија О на гилотина!
- И сега?
Ф



Слики: Брадестиот Џо

ОкоБоли главаВицФото