Зошто Европска унија?

17.08.2018 00:29
Зошто Европска унија?

Римскиот договор е лесно да се разбере ако се стави во контекст на потрагата по „вечен мир“. Но тоа го оставам на страна.

Да ги погледнеме европските држави по Втората светска војна. Тоа е збир на поразени држави, некои од Германија и други фашисти, некои од победниците во таа војна, некои од студената војна. Тука се и фашистичките земји кои не учествувале во војната, Шпанија и Португалија. Покрај оние што излегоа од граѓанска војна, со склоност за диктатура, како Грција. Па сите комунистички диктатури под власт на Советскиот сојуз. На тоа да додадеме уште и неколку неутрални држави. И остануваат Обединетото кралство и Југославија. При што оваа последнава се распадна заради неостварени и очигледно неостварливи националистички интереси. И останува само Обединетото кралство, кое всушност решило да допринесе за европската дезинтеграција.

Потребно е, според друг критериум, да се додадат и колонијалните сили, кои главно ги изгубиле своите колонии во кои треба да се вброи и РУсија, во вид на Советскиот сојуз, со колонизацијата на значаен дел од Европа, кој се ослободи во 1989 година.

Кое уредување може да обезбеди мир внатре во Европа и притоа да ги отстрани колонијалистичките и империјалистичките цели на европските држави? Потребен е систем на пацификација и комерцијализација на Европа. Тоа е остварливо во републиканска конфедерација со владеење на правото и да нема војска за разлика од земјите членки.
Тоа е комбинација на Кант, Смит и Бентам. Алтернативно, тоа е систем на европски однос на силите од 19-от век, опишан во докторската дисертација на Кисинџер, кој се распадна во двете светски војни и во една студена војна. Тоа е изборот.

Затоа Европска унија. Во која не се вклопува Русија, по сопствен политички избор, иако не начелно и за опстанокот на Европската унија потребна е соработката на светот, особено на Соединетите држави. А како што гледаме, тешко е да се сочува дури и поддршката на Британија.

Извор: Peščanik

 

ОкоБоли главаВицФото