Новосадски стрип викенд

19.09.2018 02:34
Новосадски стрип викенд

Како резултат на континуираната соработка со чинители од областа на стрип културата во регионот, Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес, изминатиов викенд (14 и 15 септември) го промовираше македонскиот стрип на 12. по ред „Новосадски стрип-викенд“.

На овој фестивал, Ване Трајков, извршен-директор и Томе Трајков, програмски координатор на СЦМ остварија интензивни контакти со реномирани стрип автори од регионот меѓу кои: Бане Керац, Игор Кордеј, Светозар Обрадовиќ сад Рибиќ, Драган Лазаревиќ, Стеван Субиќ, Леонид Пилиповиќ.младата Ања Тановиќ, како и со други фестивали како „Нифест“ од Ниш, и консултации околу идно формирање на асоцијација на стрип фестивали.

На посебен штанд беа промовирани изданијата „Стрип-креатор“, „Стрип-алманах“, како и авторските стрип-книги издадени од Македонскиот стрип-центар.