Протест за поддршка на Моника Ристеска – активистката за легализација на канабис

10.10.2018 01:04
Протест за поддршка на Моника Ристеска – активистката за легализација на канабис

Денеска напладне (10 октомври), пред Основното јавно обвинителство (на Кејот на реката Вардар) е најавен протест за поддршка на Моника Ристеска, активистката која е притворена поради поседување коноп.

„Активистката за легализација на конопот за лична и медицинска употреба, Моника Ристеска доби 30 дена притвор за 30 мл. масло од коноп и 15 грама коноп. Луѓето кои се залагаат за декриминализација на коноп за лична и медицинска употреба не смеат да ги полнат затворите, туку државата треба да ги чуе нивните аргументи и заедно со нив да изготви поповолни законски решенија со кои ќе се овозможи употреба да конопот за реакреативни цели, а ќе се унапреди пристапот до лекови од канабис за медицински цели. Време е гласно да застанеме зад оваа идеја која е реалност во многу земји, додека во Македонија уште не третираат како криминалци за џоинт“, стои во повикот за протестот.

Со протестот ќе се побара итно ослободување на Ристеска од притвор, но и легализирање на конопот за лична употреба.

„Луѓето кои употребуваат коноп не се криминалци, а војната против дрогите не смее да се води на грбот на корисниците“, се додава во повикот.

Риестевска беше приведена вчера, откако претходно полицијата вршеше претрес во нејзиниот дом. Во јавноста е позната по своите ставови за легализирање на канабисот, а еднаш веќе беше приведена откако на јавно место пушеше џоинт.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото