Кој ви е пасвордот на WiFi-то во кафичот?

10.10.2018 21:12
Виц икона

Човек влегува во кафич и веднаш прашува за пасвордот на WiFi-то.

Келнерот: – Прво треба да си нарачате пијачка.

– Добро. Едно пиво.

– Какво?

– Скопско. Колку треба?

– 100 денари.

– Повелете, а сега кажете ми го пасвордот за WiFi-то.

– Прво треба да си нарачате пијачка, без празни места и само со мали букви.