Орбан се пресметува и со бездомниците

11.10.2018 17:13
Орбан се пресметува и со бездомниците

По мигрантите и Сорос на ред дојдоа бездомниците. Од идната недела, во Унгарија ќе биде забрането да се биде сиромашен. Освен во своите четири ѕида, ако ги имате. На 15 октомври, во сила стапува уставната промена со која се забранува бездомништвото. Значи забрането е непоседување пари за купување стан или изнајмување. Ако полицијата наиде на бездомник има право да го однесе во затвор или на принудна работа.

Како дојде до ваква уставна промена? Уште од неговото доаѓање на власт, сега веќе далечната 2010 година, Виктор Орбан беше противник на бездомниците. Веднаш по стапувањето на функцијата тој настојувал да ги тргне од улиците. Во таа намера користеше разни промени на законите и правилниците, но сите тие потези Уставниот суд ги прогласи за неуставни. И тогаш Орбан и неговата дружина се сетија дека имаат доволно раце во парламентот за да го променат уставот.

Самата промена не е од „апсолутна“ природа туку е многу поитра. Имено, не е забрането бездомништвото, туку е забрането да се биде бездомник во близина на важните јавни локации, на пример оние од сферата на културното наследство. А итрината се состои во тоа што како важни локации се проценети толку многу улици во Будимпешта што практично е забрането да се спие на улица на територијата на целиот град. Власта ја брани таквата одлука во големите вложувања во прифатни центри кои наводно бездомништвото го чинат излишно. Но, самите бездомници тврдат дека тие центри се во толку лоша состојба, трошни и претрупани што на улица им е подобро.

Покрај наводните инвестиции во прифатните центри, владејачката гарнитура своите потези ги легитимира со тоа што бездомништвто го сфаќа како прашање на избор или животен стил. Така началникот на еден кварт во Будимпешта во повикот кон владата да го реши овој проблем, навел дека бездомниците со своето однесување ги вознемируваат нормалните луѓе. И дека се едноставно одвратни.

Значи, ништо друго освен чист класен презир. Колку да е дегутантна оваа уставна промена, сепак во себе носи една корисна политичка лекција: власта ги мрази мигрантите исто колку и сиромашните Унгарци.

Извор: bilten.org

 

ОкоБоли главаВицФото