Повторно врне во Скопје

25.10.2018 04:07
Повторно врне во Скопје

Нашата улица

На нашата улица има куќи што никогаш не биле изградени;
дворишта што чекаат деца за игра;
ќошиња што копнеат по љубовници.
Има ѕидови, неподигнати никогаш;
други што биле тука со години.
И никој не знае што кријат во себе.

На нашата улица има луѓе, кои никогаш не дошле;
други што си заминале како никогаш да не биле.
На нашата улица тоа е и никогаш не било.


Мисла

Колку повеќе бомби експлодираат
толку повеќе тишина слушам,
немотијата
на тие што треба да објаснат.


Повторно врне во Скопје

И тежок дожд пак почнува да истура,
пак песната што ја чувме
пред шест месеци, кога бевме сами
срамежливо барајќи се еден со друг,
колебливи дали да водиме љубов или не.
И тогаш ти рече: „Подобро не, зашто утре си заминуваш“.
И тогаш ти плачеше а јас се џарев,
со очи изгубени по рабовите на твојата коса.

Пак тоа спарно време, и влажно,
фрла купишта лисја пред умирање.
И пак песната што ја чувме
пред шест години кога бевме сами
носталгично барајќи се еден со друг,
колебливи што прво треба да кажеме по
„Како е? Векови минаа.“
И по неколку непријатни секунди
забележувам чудни траги – тажен и тивок –
што дождот ги оставил распрскани по твоето лице.
И не по своја волја ќе мора пак да ми кажеш,
„Побрзај, бегај, авионот те чека“.
Каде и да одам, изгледа наоѓам некого што чека:
Ако не авионот, тогаш силен налет на ветар
што се подига и скока од зад секое ќоше
со насолзени очи, со јасни траги стареење.

Погледнувам нагоре, и светлината пак станува зелена.

Слики: М Singh

Превод: Еѓуп Скокотле

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото