Мириси

01.11.2018 15:24

Поинаку мириса сувото штиче,
а поинаку штицата што стоела на дожд.
Листот на бука се разликува по мирис
од листот на топола, а листот на топола
од листот на липа. Земјата во бавча
поинаку мириса отколку земјата
крај пат. Водата од пумпа
се разликува и по мирис од водата
од бунар. Цвеќето што не мириса
има различен мирис од некое друго
цвеќе кое исто така не мириса.
Поинаку мириса дланката на мојата десна рака
од дланката на левата. И секој предмет во куќата
има свој мирис: масата, мушамата врз неа,
столиците, дрвата за потпал и дрвата
за ложење, ѕидовите во едната соба
и ѕидовите во другата соба, па потоа:
чешлите, фуркетите, шнолите и укосниците.

Превод: П. В.

Александар Ристовиќ (1933-1994), српски поет. Дипломирал филологија, работел како професор во гимназија во Чачак, а потоа како уредник во издавачките претпријатија „Младо Поколење“ и „Нолит“ во Белград. Објавил дваесетина поетски книги. Дури дваесетина години по смртта во Србија се обновува интересот за неговиот фасцинантен поетски опус.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото