Среќа

02.11.2018 16:38

Среќен е глушецот в крстилница
Нашол леб
Натопен во вино
И сега фантазира за големото искупување
По обедот
Среќна е жената што фатила глушец во својата одаја
Користејќи се со свилената марама
И со иглите за коса
И која гледа како крвта истекува
Во големиот сливник со ружи
Среќен сум и јас
Гонам ветар со капа измислувам стихови пијам вино со девојка која има
Овални дојки
Прождрлива уста
И памет не поголема од паметта на овца
На која ѝ приоаѓа месар
Со зацрвенето лице и во гумена престилка.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото