Поети, во глувчешка дупка!

03.11.2018 14:57

Поети, во глувчешка дупка!
во мувлосан леб!
во скиснато сено!
во книги заклучени со седум брави!
во дрвен нужник!
во исушени цветчиња, се разбира!
   во подрум каде што настраниот сопственик секоја сабота носи нов леш,
   па го сместува, крај другите лешеви, во празната винска бочва обезглавен или без удови!
поети, во стајското ѓубре!
во чаурите од кои излегле дамнешните рептилии!
во пустошот на тревата!
во гомното на идиотот!
во водената кила!
во лебот на сиромавиот попрво отколку во лебот на богатиот човек!
во лудата куќа!
   во малото лекувалиште што е на беспрекорна оддалеченост
   од каква било населба, или која било жива душа!
   високо во воздухот, каде што не допира човечки глас
   како ни звукот на ѕвоно што повикува помош!

Поети, во божја матер!
Бев со вас,
одевме рака под рака по некој премногу нестварен предел, устите ни се допираа
додека од иста чаша пиевме исто вино,
а сега ни е време да појдеме таму каде што нè праќаат
оние кои имаат уши
а не слушаат,
оние кои имаат очи
а не ја гледаат
ни светлината што доаѓа озгора
ни светлината што се шири наоколу
со крици и шепотења.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото