Роботи уметници?

06.11.18 04:06

bitPaintr е робот што може да слика, дизајниран од научникот и уметник Пиндар Ван Арман. Роботот сликар користи вештачка интелигенција и човечко насочување за да слика портрети со четка на платно.

„Отсекогаш се прашував од каде произлегла креативноста. Расчленувањето на мојот сопствен уметнички процес и учењето на роботите да сликаат портрети е мојот обид за подобро разбирање на креативноста.

Кога почнав, тие беа способни само за наједноставните задачи, како поврзување на точки и сликање по броеви. Но, моите најнови роботи користат вештачка интелигенција, генеративни алгоритми и компјутерска креативност за да направат изненадувачки број на независни естетски одлуки.

Тие се далеку од тоа да бидат само асистенти. Моите роботи сега ефикасно ја зголемуваат сопствената креативност“, објаснува Ван Арман.

 

Извор: typograffit.com

Слични содржини

Око
Технологија / Музика / Око
Технологија / Око
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност / Око
Свет / Технологија / Уметност / Око
Графички Дизајн / Технологија / Око

ОкоБоли главаВицФото