До кога ќе шумат шумите?

07.12.18 02:43

Повеќе од 35 илјади хектари шума се загубени во Македонија во последните 17 години, поради бесправна и прекумерна планска сеча на дрва, покажува извештајот на „Глобал форест воч“.

Проценките се дека шумската мафија заработува и до 25 милиони евра годишно од нелегалното сечење дрвја. Сепак, службена одговорност во МВР и во Македонски шуми досега нема.

Научниците предупредуваат дека за масовното пустошење на шумите придонесува и планското сечење, како што е случајот со изградбата на гасоводот на Водно од страна на владата.

Извор: Само прашај

 

ОкоБоли главаВицФото