Види го Неапол и умри

13.12.2018 13:10
Види го Неапол и умри

Фантастична серија фотографии од лондонскиот фотограф Сем Грег (Sam Gregg). Покажувајќи голем интерес за маргинализираните заедници, Грег нуди нурнување во комплексноста на туѓите средини, но и рефлексија на наративните сличности во сопствената култура. Во Види го Неапол и умри, изрека што изворно се поврзува со убавината и изобилието во златната доба на Бурбонската династија, во овој контекст иронично се реферира на насилството на неаполските банди. Свесен за реалноста дека Неапол е на врвот на европскиот криминал, Грег се посветил на ловењето на луѓето во местото, повеќе отколку на политиката.

Како што вели тој: „Види го Неапол и умри првенствено е портрет на жителите на Шпанскиот Кварт и на Рионе Санита, две од најнасилните маала во градот. Тоа е документирање на духот и на вибрацијата на луѓето што живеат во тие средини, кои остануваат цврсти дури и кога се соочени со немаштијата“.

Извор: www.booooooom.com

Слични содржини

Фотографија / Уметност
Општество / Активизам / Фотографија / Став
Фотографија
Фотографија / Живот / Уметност
Фотографија / Gif / Теорија / Историја
Фотографија / Балкан / Историја

ОкоБоли главаВицФото