Прустов прашалник: Жак Дерида

25.12.2018 16:35
Прустов прашалник: Жак Дерида

Што е за вас врв на неволјата?
Губењето на памтењето.

Каде би сакале да живеете?
Во место каде што цело време би можел повторно да се враќам, што ќе рече од каде што би можел да си одам.

Која мана најлесно ја простувате?
Чувањето тајна што не треба да се чува.

Омилен лик од роман?
Бартелби (на Херман Мелвил).

Омилена хероина во вистинскиот живот?
Таа тајна ја чувам.

Особина на мажите што најмногу ја сакате?
Да се признае својот страв.

Особина на жените што најмногу ја сакате?
Мислењето.

Крепост што најмногу ја сакате?
Верноста.

Активност што најмногу ја сакате?
Слушањето.

Кој би сакале да бидете?
Некој друг што малку би се присеќал на мене.

Главна црта на мојот карактер?
Стамена лекоумност.

Мојот сон за среќа?
Продолжување на сонувањето.

Што би била мојата најголема несреќа?
Да умрам по оние што ги љубам.

Што би сакал да бидам?
Поет.

Што мразам најмногу од сѐ?
Самобендисаност и вулгарност.

Реформа на која најмногу ѝ се воодушевувам?
Онаа што се однесува на сексуалните разлики.

Природен дар што би сакал да го имам?
Музички талент.

Како би сакал да умрам?
Апсолутно ненадејно.

Мојата девиза:
Подобро кажи да.

Извор: filozofskim.blogspot.com

Слични содржини

Прашалник за ... / Книжевност
Прашалник за ... / Книжевност
Прашалник за ... / Книжевност / Живот
Прашалник за ...
Прашалник за ...
Книжевност / Живот

ОкоБоли главаВицФото