Прашалник за Ѓорѓе Јовановиќ

25.01.2011 11:39
jovanovik(2).jpg

 

1. Зошто сликаш, црташ, илустрираш?

Затоа што тоа ме прави среќен.

 

2. Која е моментално најопасната идеја во светот?

Не знам, вешто ја кријат.

 

3. Која е моментално најдосадната работа во светот?

Демантите на Силвио Берлускони.

 

4. Последното нешто што ти го промени погледот на она што се случува околу тебе?

Новиот диоптер на наочарите и законот за откуп на земјиште.

 

5. Од кој елемент од своето опкружување не би можел да се откажеш?

Од компјутерскиот глушец.

 

6.Најдобри филмови што си ги гледал?

Тешка одлука...Списокот би бил прилично долг.

Затоа ќе одберам неколку добри филмови што неодамна ги гледав:

Untitled - Џонатан Паркер

The Ghost Writer – Роман Полански

Code Unknown: Incomplete Tales of Several Journeys – Михаел Ханеке

Moonlighting – Јержи Сколимовски.

 

7. Што никогаш не излегува од мода?

Модата.

 

8. Пред кои слики најдолго си стоел?

Сликите на Хиеронимус Бош, Егон Шиле, Паул Кле , Ото Дикс, Џексон Полок...

 

9. Цитат што си го повторил повеќе од 3 пати?

Животот е покомплициран и посложен од која било теорија - Душан Макавеев.

Све је просто као пасуљ - Томислав Готовац.

 

10. Најдобар начин да се отпатува во некој друг свет е?

Со тротинет.

 

11. Со кои 5 историски личности би сакал да отидеш на вечера?

Марлен Дитрих, Едит Пиаф, Вилиам Бароуз, Данило Бата Стојковиќ и Хана Арент.

 

12. Со кои 5 историски личности би сакал да отидеш на забава?

Нико - Велвет Андерграунд, Орсон Велс, Фрида Кало, Данил Хармс и Џанго Рајнхард.

 

13. Глупоста е..

Дел од нашето секојдневие.

 

14. Уметноста е...

Оружје за напад и одбрана – меѓу другото...

 

15. Те интересира ли проблемот на климатските промени?

Повеќе ме заплашува...

 

16. Што би променил во земјата во која живееш?

Прво би ставил повеќе канти за ѓубре а потоа...

 

17. Што сакаш другите да мислат за тебе?

Дека сум ослабнал во последно време.

 

18. Македонија е...

Држава.

 

19. Доколку Скопје би бил голем трговски центар, каде би било местото во кое ти би се чувствувал најудобно?

На излезната врата.

 

20. Сакаш ли прашалници?

Да, но повеќе сакам извичници.

Го обожавам Жокац! Најдобар

Го обожавам Жокац! Најдобар мк уметник под 40, според посветеноста, информираноста, отвореноста, талентот...
Со твојот рафиниран збор(&слика:), Жокац, кршиме кокосови ореви!

Еднаш, дур се шуткав,

Еднаш, дур се шуткав, полуомајана, низ мрачните одаи на Графичкото атеље, светлината што ненадејно блесна од една слика на Ѓоле Јовановиќ ме закова врз ѕидот како згмечена мува!
„Ова го нема ни кај Владимир Георгиевски“, си помислив.

Мене, па, Лусинда, ми се

Мене, па, Лусинда, ми се случи друг тип психоделично искуство на изложба на Владо Георгиевски: дур се шуткав меѓу неговите флекави мрцини од слики&сценографии&шугави олтари - се почувствував како да сум балсамирана!

Супер пар сте вие две,

Супер пар сте вие две, дрогашки низ галерии... Само уште акробати би требало да ве следат... Таман сте за на Окно.

Друг пат, се шуткам јас низ

Друг пат, се шуткам јас низ мрачната галерија, опкружена со сликите на Ѓоле Јовановиќ, ноќе (чуварот дреме негде по депоата ил цевчи ракија), и одеднаш слушам цврст и рапав глас, како кога некој би чекорел на врвовите од прстите врз куп лушпи од јајца: „Владоооо - Геооооргиевски - гооомна - да јаааадееее...“, вика гласот, онака морничаво, ко страшен поп (мислам, не ко Мирко Попов, него ко православен поп од МПЦ). Низ грбот во тој момент ми клизна студена капка, како некој леден инсект да се лизнал низ рбетното тобоганче.

Ја, па, еднаш, се шуткав меѓу

Ја, па, еднаш, се шуткав меѓу сликите на Владо Георгиевски, исто ноќе (прст пред око не се глеа, одам ко лилјак, ко жена-мачка, да не речам). Кога, ни две ни три, налетав лично на сликарот!
„Ја глеате ли оваа светлина...“, мистериозно ми рече Георгиевски.
„Вие знаете кај е светлината онолку колку што Црниот гусар знае кај го закопал своето благо“, му реков на Георгиевски, поентирајќи: „Сте го глеале филмот Фарго? Коа фраерот ги закопа парите среде снежната пустелија?“

Ѓоле е супер...неговите дела

Ѓоле е супер...неговите дела се LSD за сиромашни...и јас еднаш се шетав низ една мрачна галерија...

Еднаш идам ја на изложба на

Еднаш идам ја на изложба на Владо Георгиевски. Не е ноќ, ама од ужасните олтари&сценографии избива таков мрак што као да е ноќ. И одма налетуем на сликарот, кој одма го виде мракот во моите очи, та и тој се сневесели, му згаснаа, што се вели, сонцата на граѓанските манири. „Ќе биде ова студена вечер“, си помислив.
Кога, таман киднав од претенциозниот Георгиевски, налетувам на младиот Јовановиќ. И овој, ни пет ни шест, ме прострели со еден од оние погледи поради кои рбетот се чувствува како распарана цртка на најлон чорапа. Одма сфатив дека Јовановиќ е љубоморен зашто сум застанала со Владо Георгиевски.

Убаво би било кога би можеле

Убаво би било кога би можеле да видиме и по некое дело. Предлог: од писателите ставајте и по едно кратко дело, од уметниците - слики, од музичарите, песна...

Друг пат, идам ја на изложба

Друг пат, идам ја на изложба на Владо Георгиевски, ама уште коа доаѓав накај Музеј на град Скопје, имав некакво претчувство, но нејасно, како треперење на вжарен воздух над плочник. (Иако, напомнувам, нит беше ноќ нит беше врело скопско лето коа сите слики ти се топат пред очи и - макар за момент на бескрајна среќа - пред тебе исчезнува целата ужасна скопјанштина, ко истопен сладолед.) На влезот (мислам дека беа „Бели ноќи“, не сум сигурна, бев тогаш со својата љубовница Јованка Попова, она може ќе се сети), љут седи Ѓоле Јовановиќ и ми вика: „Белите ноќи кај мене се ретка работа како дебел поштар“.

Ја исто коа бев со Јованка

Ја исто коа бев со Јованка Попова (периодот коа мене ми беше љубовница) идам на изложба на Владо Георгиевски. И го среќавам Ѓоле Јовановиќ на влез, љут, исто, со поглед способен да ти ги преброи парите од паричникот во задниот џеб (а не па да прокљуви дека сме со Јованка, тогаш). И го прашуам ја него: „Имаш ли ти тука нешто лично?“ А Јовановиќ ми одговара: „Само себе“. И си заминуе.

Со поглед што би смрзнал и

Со поглед што би смрзнал и штотуку испечен компир мене, па, ме дочекуе Владо Георгиевски, на влезот, таман да влезам на изложбата на Ѓоле Јовановиќ. Го игнорирав и прошишав унутра, не можам да им се даам на сите офуцани сликари, не?! Унутра ме пласна толку јак мирис на џоинт што врз него можеше да се изѕида куќа. „Добра изложба“, му реков на Јовановиќ и спонтано двајцата почнавме да се смееме.

Еднаш Јовановиќ ненадејно

Еднаш Јовановиќ ненадејно улетал кај Томе Серафимовски (додека Љубиша Камењаров, чиракот на големиот македонски скулптор, запрепастено гледал) и рекол: „Томе, распнатово Исусче ти е ко бог!“ И си заминал. (А стапот поради екстраваганциите на својот другар после морале да го кркаат Љубиша Камењаров и Владимир Лукаш.)

Бунар стар 900 години, во

Бунар стар 900 години, во некој замок. Можеш во него да фрлиш камен и да чекаш. Да ослушнуваш и чекаш, да се откажеш од чекањето, да се насмееш, а потоа, баш кога се спремаш да си заминеш, ќе слушнеш слабичок, тивок плискот, толку далечен што едвај би поверувал дека таков бунар постои... Толку длабоки, како бунарот, беа очите на Томе Серафимовски кога се обиде да го сфати дрскиот упад на Ѓоле Јовановиќ.

„Онака како што на Тосканини

„Онака како што на Тосканини му звучи мајмун на вергл, така на нормален човек му изгледаат вашите скулптури“, му рекол Ѓоле Јовановиќ на Томе Серафимовски. „Хачутурјан во фабрика за трактори“, додал Владимир Лукаш. Вие тоа го нарекувате виолински концерт. Јас тоа би го нарекол раштиман вентилатор“, завршил Љубиша Камењаров, навредено го фрлил длетото и отишол да ги ваја лавовите за проектот „СК 014“, доста више се заебаав со Серафимовски.

„Вашите зборови би расплакале

„Вашите зборови би расплакале и коза одгледана на бодлива жица“, им рекол Томе Серафимовски на тројцата арогантни Свирачиња. „Вашите зборови ќе го издепримираа дури и насмеаното магаре, толку да прогуга потажно од осамена гулабица.“

„... Го знаеш вагонон на

„... Го знаеш вагонон на стара железничка, одма до Графичко атеље, што некогаш беше ресторан... Е, ти си таков фраер што би можел да работиш како кочничар на тој вагон“, му рекол изнервираниот Ѓоле Јовановиќ на Атанас Ботев, славниот сликар на грчко-нацистичкото знаме.

„Твоето дело звучи како

„Твоето дело звучи како песна. Песна од валкана када“, му рекол Томе Серафимовски на Коки Јанев, додека трите Свирачиња со длетцата тивко ги делкале импозантните словенски фигури на Серафимовски и се кикотеле. „Твоите лавови се истакнуваат како фрак на сточен саем. Лавовите врз мостот се како шкорпион врз шампита“, завршил Серафимовски, а изнервираниот Коки Јанев нагло излетал и отишол да му се пожали на Ацо Станковски.

Кога Никола Груевски на Томе

Кога Никола Груевски на Томе Серафимовски му ја покажал финалната верзија на кипот на Александар Македонски, скулпторот рекол: „Ова е доволно добра верзија. Мислам, добра е оти е премногу лоша за да може да биде вистинита.“

Кога Љубиша Камењаров отишол

Кога Љубиша Камењаров отишол да бара чирачка работа кај Томе Серафимовски, бил многу непријатно изненаден. Вака на својот пријател Ѓоле Јовановиќ му ја опишал средбата со големиот скулптор: „Вдишав длабоко, како да се спремам да нурнам во таа када со истопена китова маст, која се смести на диванот отспротива и изгледаше мирно како директор на банка кој одбива да даде заем.“

„Правиш дупка во многу тенок

„Правиш дупка во многу тенок лед“, заканувачки му рекол Никола Груевски на Томе Серафимовски.
„Тоа ме загрижува како 2% порез на нула заработувачка“, рекол познатиот македонски скулптор.
Така Груевски сфатил дека си има работа со тврд орев (а не со тенок лед) и одма дел од работите за „СК 014“ префрлил кај еминентниот академски уметник.

би сакала грациозно и со

би сакала грациозно и со длабок поклон кон напред да се заблагодарам на господата од порталот Окно за овој навистина мотивирачки прилог. во оваа земја, која што високопочитуваниот интердисциплинарен уметник ѓорѓе јовановиќ ја нарекува смело „држава“, а во којашто постои град во кој би сакал да го обезбеди своето место за бегство од задната врата, фасцинантниот јовановиќ, сепак, би се забавувал со најчудесната дружина за журки... дали драг јовановиќ-у го бирате хармс за журка-придружба заради тоа што сакате да исчезнете во непознат правец?
и си велам (налик на утешните (по)мисли што маршалот тито ги негуваше - се извинувам до сите што ги презираат ликот и делото на маршалот), земја што има младина со вакви дарови нема од што да се плаши... мислам, добро, дозволено е да се плаши од својата сегашност, но се забранува страв од иднината!
вископочитуван јовановиќ-у, ви благодарам за вашата луцидност, а пред се’, за тоа што го озрачувате ова ѓубриште, за кое инстистирате дека е држава, со боите на вашата уметност... и човечност...

Прво, браво за Џоле и за

Прво, браво за Џоле и за прашалникот, а потоа и браво за коментарите. Ако Јоана, Адреналина и компанија не се писател(к)и, тоа е голема штета.

предлагам јоана, адреналина и

предлагам јоана, адреналина и останатите, кои се друго од истото, наместо да трошат време на пишување коментари, да седнат, да згреат столче и да напишат некое книжуле, како придонес за македонското книжевно творештво.

Браво и за прашалникот и за

Браво и за прашалникот и за коментарите - ова е вистинската слика за окно, а нека се засрамат останатите членови на окно (Коља, Геровски, Милчин) во кој правец го насочуваат.

"14. Уметноста е...

Оружје за напад и одбрана – меѓу другото..."

Еднаш Ѓоле Јовановиќ ми рече

Еднаш Ѓоле Јовановиќ ми рече дека Томе Серафимовски еднаш им рекол на трите Свирачиња (кои чекале големиот македонски скулптор да ги земе за чираци): „Вие момци баш сте слатки, како пар изгубени топчиња за голф. Ај сеа гитла од тука, чекам да ми дое Коки Јанев.“ На што Свирачињата многу се разжалостиле.

Е, глеате цури,

Е, глеате цури, Мартина&Јована, и јас некогаш се чувствувам како Лусинда: изгубено топче за голф. Корисна колку резервно јајце на колибри. Какво „македонско книжевно творештво“, ви се молам! Како што Томе Серафимовски еднаш му рече на Никола Груевски: „Ако веќе мораме да зборуваме со други зборови - овие се вистинските.“

Еднаш Владо Георгиевски му

Еднаш Владо Георгиевски му рече на Томе Серафимовски, гледајќи го Климентовиот споменик во Охрид: „Од десет метри делото ти изглеаше пасент. Но, од три метри изгледаше како создадено за гледање од десет метри.“ На тие зборови Томе Серафимовски толку се налутил што Трифун Костовски морал да се замеша и да го спаси Владо Георгиевски.

Друг пат Гелевски, Героски и

Друг пат Гелевски, Героски и Милчин домкнале едно џиновско огледало (од атељето на Владо Георгиевски) и му го принеле на Никола Груевски: „Оваа верзија на тебе е сосема добра, оти е премногу лоша за да може да биде вистинита.“ На што Груевски толку се налутил што решил да го гради Скопје 2014.

„Разумен муабет врз тебе

„Разумен муабет врз тебе делува како водата врз најголемата брана на светот: нималку“, му рекле Гелевски, Героски и Милчин на Никола Груевски, на што овој толку се разлутил што ги испокршил сите огледала во земјата што Ѓоле Јовановиќ ја нарекува држава. После го викале Ацо Станковски да доцртуе и симулира огледала.

Друг пат Гелевски, Героски и

Друг пат Гелевски, Героски и Милчин (изнервирани од проектот СК 014) му рекле една изразито груба работа на Никола Груевски: „Постојат сто и деведесет начини да станеш гад, и ти ги знаеш сите по ред.“ Во тој момент фацата на Никола Груевски се заледила како кај Џокер, за што преплашена белешка оставил Мартин Протоѓер: „Одеднаш насмевката на неговото лице стана бескорисна како неисправна стапица за глувци. Се стопи целиот восочен сјај на мојот шеф.“

Друг пат се стопиле восочните

Друг пат се стопиле восочните фигури во музејот на ВМРО. Итно морале да дотрчаат Ацо Станковски, Коки Јанев и Мацко Камиловски. Никола Груевски бил толку изнервиран што ушите му чуреле. Тогаш Ацо Станковски му рекол на премиерот: „Што не се обидеш со некоја помирна работа, да речеме со балсамирање?“ И тука Груевски толку експлодирал што на клоци од зградата на ВМРО накај Уставниот суд ги изнесол тројцата нетактични уметници - и преку мостот Око ги фрлил во Вардар.

„Лукав си, шефе, ко Ришеље

„Лукав си, шефе, ко Ришеље зад завеса“, му рекол еднаш Мартин Протоѓер на Никола Груевски. „А ти си ладен на допир ко жабји стомак“, возвратил Никола Груевски. Тогаш во кабинетот панично улетал Коки Јанев извикувајќи: „Кородира бронзата!!!“ Зад него мирно ушетал Томе Серафимовски и малиот Коки Јанев без големи драми го рашутирал накај мостот Око.

Гелевски, Героски и Милчин го

Гелевски, Героски и Милчин го прашале еднаш Никола Груевски колку му чини бронзата за спомениците. Груевски рекол: „Сто евра по кило“. А Гелевски, Героски и Милчин грубо возвратиле: „Нам овде ни смрди на сто кила за евро, ко лажен парфем.“ Тогаш Никола Груевски толку се изнервирал што Коки Јанев и Мацко Камиловски едвај го спречиле премиерот трите соросоиди да ги балсамира на лице место за својот музеј на восочни фигури. „Како бе, шефе, соросоиди у вмровски музеј?!“ бил круцијалниот аргумент на Ацо Станковски, со кој биле поштедени кожите на арогантните Гелевски, Героски и Милчин.

„Вашето грубо однесување

„Вашето грубо однесување смрди“, им рекол Никола Груевски на Гелевски, Героски и Милчин (кои преправени во антички статуи дремеле пред владата за да го испљуваат славниот премиер).
„Вие кога го велите тоа, звучи уште пожестоко“, возвратиле Гелевски, Героски и Милчин. Тогаш Груевски толку се изнервирал што Мартин Протоѓер морал да го однесе својот шеф во куќата на Мајка Тереза, да искулира. Во куќата на Мајка Тереза се нашол и Вангел Божиновски кој, изненаден од глетката, рекол: „Вие момци баш сте слатки, како пар изгубени топчиња за голф.“

Еднаш така Груевски ведро си

Еднаш така Груевски ведро си чекорел вежбајќи за Преродбата, кога му текнало дека чекорите можат да станат сеопшта онтолошко-физичка мерка во она што Ѓоле Јовановиќ го нарекува држава. Наеднаш улетуе Коки Манев, а Грујо нервозно му врекнува, лавовите да бидат долги чекори пет, на што овој возвраќа оти лавови се мерат во метри, како што Ацо ги мери платната додека медитира за Рембрант жалејќи го што немал мецена ко Грујо и муза ко Канчевска-Милевска. Грувески уште понервозно се раздрал: Ја реков има да се ме’ат у метwи бе, ајде сега да исчекориш чекори колку што букви има у пwewодбата и после да дојдеш. По 6 месеци, или 18345 чекори, се вратил радосен Коки и рекол: Шефе, шефе во Будемпешта се 5, кај нас нека бидат 6. Протоѓер кутриот мислел оти уметников земал од тревата на Дуле Млекарот и е под влијание на Ѓунер и ќерка му, па прашал по турски: Што бре дорт, беш, шеш, ти галиба многу си одел пеш? Остај го Мартине, се замешал Груевски, вели лавовите да бидат долги чекори шест.

Еднаш кога Вангел Божиновски,

Еднаш кога Вангел Божиновски, Паско Кузман и Ацо Станковски биле на состанок кај Никола Груевски (да разговараат за проектот СК 014), славниот премиер извел еден многу необичен гест. За што сведочи Мартин Протоѓер, кој оставил белешка од состанокот: „Не знам што се случи со Пресветлиот, многу ретко Мрачниот - ’Златниот-Црниот’ како што чудно го нарекува соросоидот Гелевски - но, искрено речено, благо се шокирав. Баш кога Ацо Станковски му објаснуваше на Паско Кузман дека низ Кале треба да се пробие огромен тунел во форма на пичка, а целото брдо над тунелот (сосе Музејот на современа уметност!) да се обликува во спектакуларен женски акт - Малиот-Големиот, Пресветлиот наш пастир стана, се приближи до Станковски и се загледа во точката помеѓу неговите очи, но не на начин дека тоа е единственото нешто што со него заедно се наоѓа во собата (како сите ние да не постоиме!), туку повеќе како да бараше нешто што беше многу далеку, можеби планината од другата страна на нашата тажна котлина, можеби како да го бараше нејасниот крај на тунелот... Мене ме полазија морници.“

„Извини, извини, извини“, му

„Извини, извини, извини“, му рекол Томе Серафимовски на Владо Георгиевски. „Не зашто јас сум во МАНУ, а тебе ти течат мрсули од страста по МАНУ, како на секој промашен старец во оваа шугава и недостојна земја. Не ти се извинувам ради тоа, оти ти и не заслужуеш МАНУ, со твоите лажни христијански мизерни сценографии недостојни ни за Шутел телевизија или Вангел Божиновски. За друго ти се извинуем. Јас сум голем никаквец, Владо, морам да ти признам. Многу заработувам. Морам многу да заработувам за да можам да ги цедам оние типови - знаеш кои, Владо - што морам да ги цедам за многу да заработувам и за да морам да ги цедам типовите што морам.“

„Бетонски ѕид потешко ќе го

„Бетонски ѕид потешко ќе го поднесеше мојот запрепастен поглед од пастирот у момент на транс“, му рекол доверливо Ацо Станковски на Мартин Протоѓер, благо шокиран од однесувањето на Никола Груевски, откако завршил состанокот на кој разговарале за проектот СК 014. „Јеботе, Мартин, седнав крај него чувствувајќи се како леш од високо друштво што на одарот го изложил погребник со добар вкус“, рекол Станковски, а Протоѓер дисциплинирано составил белешка.

„Тој е човек кој може во

„Тој е човек кој може во самиот себе да се загледа со долг, тврд поглед и да види што има таму. Тоа не е вообичаена дарба. Повеќето луѓе одат низ животот трошејќи половина од својата енергија на тоа да го бранат достоинството кое никогаш не го имале. Еве, на пример, Томе Серафимовски...“, се обидувал Мартин Протоѓер на Ацо Станковски да му ги објасни чудните гестови на Никола Груевски.
„Не ми збори за Томе Серафимовски“, му рекол Станковски на Протуѓер, „ниту за кој било член од вашата, прости, посрана фамилија. Мојот другар Гелевски за жал има кажано една точна работа: ’Меѓу луѓето од Фамилијата наидувате на типови кои сосема ви ја уништуваат илузијата дека купишта пари можат од некого да создадат личност.’ Прости ми, Мартинчо, ама изглеа дека пастирот во мене разбуди некои непредвидливи дугмиња, и не знам како ми излета ова, те молам не го стаај у твоите белешки.“

„Ти изглеа, Станковски, не си

„Ти изглеа, Станковски, не си ја читал преродбата, коа вака си дозволуеш да критикуваш еден просечен член на Фамилијата. Преродбеникот го работи она што ќе му се нареди, и тоа го работи мошне добро ако му речеш со која нога треба да тргне и колку чекори треба да помине во која насока и слични ситници.“
„Знам еден полицаец од Фамилијата способен да фати крадец на кокошки, кога би го видел дека краде кокошка и ако типот трчајќи би паднал и би удрил од нешто со главата, па сам себе би се исфрлил од игра“, му возвратил Ацо Станковски на Мартин Протоѓер, кому од бес ушите му се зачуриле.
„Ќе ти забранам дружење со проклетиот соросоид Гелевски, ти неблагодарен неранимајко!“, рекол Протоѓер, а белешка за сцената составил изненадениот Никола Груевски кој таман тргнал од чекалната да ги викне Коки Јанев и Мацко Камиловски.

„Беше од оние луѓе чиишто

„Беше од оние луѓе чиишто говор е полн со запирки, како во тешките романи. Дури и преку телефон“, го запишал Мартин Протоѓер во тефтер својот впечаток за Ацо Станковски.
А Ацо Станковски оставил белешка по својата средба со Никола Груевски: „Малиот-Големиот почна да ми се допаѓа. Таму под неговата јадна кравата и прслукот има уште нешто освен кошула. Има шанси, значи, за тунелот-пичка под Кале.“

Жожле е најсладок! И

Жожле е најсладок!
И да,ослабен е.
Ѓоѓле-те сакаме!

бљаааа, и сабајле и вечер.

бљаааа, и сабајле и вечер.

Слични содржини

Прашалник за ...
Прашалник за ... / Книжевност / Живот
Прашалник за ...
Прашалник за ... / Книжевност
Прашалник за ... / Книжевност

ОкоБоли главаВицФото