Вучиќ ја повика мачката на Карл Лагерфелд да вложува во Србија

23.02.2019 14:28
Вучиќ ја повика мачката на Карл Лагерфелд да вложува во Србија

Белград, 23 февруари 2019 (Њуз) – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја повика денес Шупет, мачката на покојниот моден креатор Карл Лагерфелд, да вложи дел од својот капитал во Србија, дознава Њуз.

Вучиќ напомена дека Шупет наследила околу 200 милиони долари од познатиот креатор и дека Србија е идеално место каде што би можеле да се инвестираат овие пари.

– Србија е вистинското место за сите странски инвеститори и овде сите се добредојдени, без оглед дали се Арапи, Кинези или мачки – изјави претседателот Вучиќ и најави дека се надева на скорешна средба со Шупет.

– Ќе пробам да ѝ ја претставам на госпоѓа Шупет Србија како земја со евтина работна сила во која може да го инвестира своето наследство. Србија е позната по добрите субвенции за странските инвеститори, така што уверен сум дека госпоѓа Шупет попрво би ја зела Србија предвид отколку некојаси таму Словачка или Романија – изјави Вучиќ.

Тој ја искористи приликата да потсети дека ситуацијата во Србија е многу подобра отколку во времето на минатата власт, кога ниедна мачка ни динар не вложила во српската земја.

Извор: njuz.net