Од устата ми испаѓа јазик

25.02.2019 12:08

Од устата ми испаѓа јазик
тоа веќе не е јазик тоа е голем црн дроб телешки
.........на она теле што го заклаа завчера
ме убедува месарот од мојата омилена месарница
.........но јас во месарница не сум ни отишол.

немам ни омилена месарница

само јазик што ми е испаднат од уста

.........тој голем црн дроб

го враќам во уста го буткам в грло
се откажувам кога сфаќам дека ме гуши
мојот јазик повторно испаѓа
се закачува се лизга низ вратот го лиже телото
мојот јазик мојот јазик мојот преголем јазик

Превод: П. В.

Мирослав Кирин (Сисак, 1965), е хрватски книжевник и поет. Преведува од англиски. Досега објавил девет поетски книги, роман, книга за деца и книга со есеи.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото