Чудни дрвја

02.03.19 01:55

Дрво Виножито ( (Mindanao gum tree)

Дрвјата се најстарите живи суштества во светот и можеби затоа  се составен дел на древните митологии на човештвото, но и и на формирањето на научната смисла. Тие се повеќе од убава метафора за животот и смртта, бидејќи дрвјата ни го спасуваат животот. Во ретки моменти на инспирација и ние ги спасуваме животите на дрвјата.

Во книгата-сликовница „Чудни дрвја и приказните за нив“ (Strange Trees and the Stories Behind Them) француската писателка Бернардрет Поркје (Bernadette Pourquié) и илустраторката Сесил Гамбини (Cécile Gambini) просто кореографираат своевидна цртачка турнеја низ најголемите чуда во светот на дрвјата: од видовите кои биле сведоци на диносаурусите, па сè до најегзотичните дрвја како бразилското „Дрво што оди“ (Red Mangrove) и „Дрвото на виножитото" (Mindanao gum) на Филипините; се појавуваат и потценетите поттикнувачи на човечките задоволства, како што е саподила (sapodilla), дрвото кое ни ја дава гумата за џвакање, и дрвото на какаовецот, без кое немаше да има чоколада.

Дрво „Дух“ (Davida)

Дрво Гума за џвакање (Sapodilla)

Заедно со секоја имагинативна илустрација, на половина пат помеѓу ботаника и бајка, е поместена автобиографијата на секое од овие дрвја. Кратка приказна, во прво лице еднина, што го опишува неговото природно и културно живеалиште, спојувајќи занимливи научни факти, историја и локални обичаи.

Дрво „Шише“ ((Brachychiton rupestris)

Какао дрво

Извор: brainpickings.org