Винтиџ сликовници: „Куклено Село“

12.07.21 11:17

Автор на сликовницата „Кукленото село“ (Das Puppendorf) е  Ханс Хофман, а сликовницата е издадена во Германија, 1906 година. Книгата може да се прегледа во дигиталната библиотека во Брауншвајг.

Нема многу сочувани податоци за авторот Ханс Хофман (1848–1909), најверојатно бил директор на училиште, кој подоцна почнал да пишува книги за деца. Авторот на илустрацииите е потпишан само со иницијалите „K.G.“

На македонски, оваа сликовница е интегрално објавена во списанието за култура „Маргина“ #93 (2021, Темплум), и беше претставена на фестивалот „Друга приказна“ #6. Преводот од германски го направи Исток Улчар.


Извор:50watts.com