Винтиџ сликовници: „Девојчето во апстрактен кревет“

29.08.20 10:29

Книгата за деца „Девојчето во апстрактен кревет“ е невообичаено издание од 1954 година. Автор на приказната е американскиот писател Ванс Бурџели (Vance Bourjaily), а автор на илустрациите е Тобијас Шнибаум (Tobias Schneebaum).

„Еднаш си беше едно девојче што се викаше Никол Пенсилванија Сноу, кога имаше десет месеци спиеше во апстрактен кревет што за неа го дизајнираше и украсуваше познат уметник.“

Приказната е надреалистичка; сосе „реакционерната баба“, Пруст, данските садови итн. Книгата била издадена во 1500 примероци, а цртежите се изработени на свила.

Извор: 50watts.com