1007 hPa
56 %
19 °C
Скопје - Нед, 15.09.2024 14:59
Серијата сликовници на Окно ја продолжуваме со „Мртвата птица“, напишана 1965 година од Маргарет Вајс Браун, а илустрирана од Реми Чарлип (1929-2012).
Чарлип е навистина сестрана творечка личност - уметник, писател, кореограф, театарски режисер, дизајнер и наставник. Напишал и илустрирал 29 книги за деца.
Тој студирал уметност на Straubenmuller Textile High School во Менхетен и на Cooper Union во Њујорк.
Во 1960-ите создал уникатна форма на кореографија, која ја нарекол „танц по авионска пошта“: испраќал сет цртежи до танцувачки групи, а танчарите понатаму самите ги одредувале позициите и правеле трансформации зависно од контекстот во кој настапувале, без тој воопшто да се „меша“.
Реми Чарлип соработувал и со композиторот Џон Кејџ, бил еден од основачите на Merce Cunningham Dance Company, како и коосновач на детскиот театар Paper Bag Players.
Познат е и по бројните книги за деца, меѓу кои се „Облечи се и ајде да се забавуваме“, „Каде се сите?“, „За среќа“, „Зошто никогаш нема да имам доволно време да ја прочитам книгава“ и други.
Подолу може да ги погледнете илустрациите за неговата култна книга „Мртвата птица“.
Извор: myvintagebookcollectioninblogform.blogspot.com