1016 hPa
88 %

12 °C
Скопје - Сре, 26.03.2025 04:59
Саид Џавид, британскиот министер за внатрешни работи ја потпишал одлуката за екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во САД.
„Тој со право е зад решетки. Од САД имаме барање за екстрадиција кое утре ќе биде пред суд, а вчера го потпишав и ја потврдив одлуката за екстрадирање за која ќе одлучи судот“, изјави Џавид.
Со ова се отвора пат, Асанж да биде предаден на Американците кои го обвинуваат основачот на Викиликс за шпионажа и хакирање.
Официјалното барање за екстрадиција од Министерството за правда на САД било испратено до Велика Британија на 6 јуни. Британската полиција на 11 април го уапси Асанж, откако Еквадор го повлече азилот кој му беше даден во амбасадата на оваа земја во Лондон.
Инаку, Асанж во 2012 година најде прибежиште во амбасадата на Еквадор во Лондон, откако британскиот суд наложи да биде испорачен на Шведска, каде беше обвинет за сексуален напад. Тоа обвинение во меѓувреме беше отфрлено.
Извор: The Guardian