Како да се ублажат последиците од климатските промени

13.07.2019 13:50
Како да се ублажат последиците од климатските промени

Мора да се откажеме од употребата на фосилните горива како јаглен, нафта и гас за загревање на нашите домови и бизниси како и за транспорт на луѓе и добра и да ги замениме со обновливи извори на енергија како сонце и ветар, се вели во видеата на „Еко свест”.

Преку кратки едукативни пораки, појаснуваат што се климатските промени и како може тие да се ублажат.

„Откажување од фосилните горива како извор на енергија не е доволно – за да ги ублажиме последиците од климатските промени ние мораме да ги намалиме нашите потреби за електрична енергија. Да градиме енергетски ефикасни бизниси и домови, да користиме зелена инфраструктура за заштеда на енергија и да штедиме енергија во домот. Да бидеме генерациите што ќе ја зачуваат иднината”.

ОкоБоли главаВицФото