Роботот што им носи утеха на старите и болните

16.07.2019 00:10
Роботот што им носи утеха на старите и болните

Зора можеби не изгледа и не дулува како бог знае што – повеќе личи на симпатична играчка отколку на футуристичко чудо, но овој робот е централен дел на експеримент во Франција, кој би можел драматично да го промени начинот на грижа за постарите пациенти. Во Јапонија се користи од 2015 година.

Кога Зора стигна во домот за стари лица оддалечен еден час од Париз, почнаа да се случуваат чудни работи: многу пациенти емотивно се врзале за неа, ја третирале како бебе, ја држеле во раце, ја нишале и бакнувале.

Зора, чијашто цена може да изнсува и до 18 000 долари, нуди друштво на местото каде животот е осаменички. Семејствата не можат толку често да доаѓаат во посета, а нема ни доволно вработени.

Пациентите во болницата „Жуар“ страдаат од деменција и други тешки состојби кои бараат постојана нега.

Медицинскиот техничар задолжен за Зора, го контролира роботот преку лаптоп. Честопати мора да се крие за да не сфатат пациентите дека тој го управува роботот. А тој може да разговара, затоа што техничарот ги пишува зборовите на лаптопот, кои потоа роботот ги изговара. За некои пациенти Зора е „таа“, а за други пак, е „тој“.
Честопати Зора знае да организира разни вежби и игри. Но, не се сите воодушевени од овој робот.

Потребно е уште многу да се работи и да се направат голем број усовршувања пред дефинитивно да се појави хуманоидната сестра. Зора не дава лекови, не мери притисок и не ја менува постелнината. Во болницата „Жуар“ некои ја сметаат Зора за површна алактка, која „само ги замајува пациентите“, вели медицинската сестра Софи Рифо.

Натали Расин, друга медицинска сестра, пак вели дека не би му дозволила на робот да ги храни пациентите, дури и ако би можел да ја извршува таа операција. Не би требало на машините да им се дава да прават такви интимни работи. „Ништо не може да го замени човечкиот допир, човечката топлина која им е потребна на нашите пациенти“, вели таа.

Од „Zorabots“, белгискиот провајдер на роботот за болницата велат дека досега продале повеќе од 1000 роботи, главно на медицински установи ширум светот, вклучувајќи ги и Соединетите држави, Азија и Блискиот исток. Роботите се дел на сè поголемото ширење на роботиката во областа на медицинската нега.

Овозможувањето на роботите повеќе да се грижат за луѓето во самракот на нивните животи можеби делува како дистопија, но многумина сметаат дека ова е неизбежно.

Во речиси сите држави, постојано се зголемува бројот на стари лица. Бројката на луѓе постари од 60 години до 2050 година ќе стане двојно поголема и ќе порасне на 2,1 милијарди луѓе, наведуваат истражувањата на Обединетите нации. Едноставно нема да има доволно луѓе кои би работеле во сферата на здравствената нега. Застапниците тврдат дека ни е потребна нова технологија која ќе го надомести недостигот на луѓе.

Всшност, најголемиот предизвик ќе биде да се создадат машини способни за извршување на комплексни задачи. Со песна и музика може да се расположат пациентите, но не е исто како и навистина да се грижите за нив. Француската болница што го купила роботот благодарение на грант, ја изнесува Зора меѓу пациентите само неколку пати месечно.

Истражувачите во болница во Австралија, која, исто така, ја користи Зора, велат дека роботот позитивно влијае на расположението на пациентите и дека ги поттикнува да се вклучат во различни активности, но дека му е потребна значителна техничка поддршка.

Слично кажуваат и во француската болница. Вработените во болницата се изненадени од тоа колку пациентите се врзале со роботот. Микел Фере кажува дека некои пациенти се љубоморни на другите заради времето што го поминуваат со Зора.

Пациентите на роботот му зборуваат и му се доверуваат за своите здравствени состојби кои не им ги откриваат ниту на лекарите.

„Внесе малку живост тука“, вели Марлен СИмон (70), која по трахеотомијата веќе подолго од една година престојува во болницата. „Ја сакаме Зора и ни недостасува кога нема да ја видиме“.

Извор: The New York Times

 

ОкоБоли главаВицФото